„Мерцедес“ подготвува нова ексклузива со значката на „Мајбах“

„Мерцедес“ подготвува нова ексклузива со значката на „Мајбах“

Помина речиси една година откако беше претставен суперлуксузниот концепт „Мерцедес-Мајбах 6“ , а на претстојниот „Конкурс на елеганцијата“, во калифорнискиот Пебл Бич, германскиот производител ќе пристигне со уште еден ексклузивен автомобил.

„Мерцедес“ објави нови рендери со кои ја поттикна фантазијата кај љубителите на луксузни автомобили. Се верува дека возилото, чиј идентитет се уште не се соопштува, е суперлуксузниот кабриолет „Мерцедес – Мајбах 6 Конвертибл“, што се надоврзува на минатогодишното ексклузивно купе.

За разлика од концептот купе, од 2016 година, што беше обоен во специјална нијанса на црвена, новиот автомобил со амблемот на „Мајбах“ пристигнува во сина боја. Димензиите и пропорциите треба да бидат слични како кај купето, чија должина изнесува околу шест метри.

Рендерот го открива и дизајнот на воланот и дел од таблата за инструменти, што, исто така, личат на оние од кабината на минатогодишниот „Ме3рцедес-Мајбах 6“.

Се очекува и погонските агрегати да бидат преземени од споменатото купе. Во тој случај, автомобилот ќе го придвижуваат четири електромотори со вкупна сила од 750 кс, а од 0 до 100 километри на час возилото ќе забрзува за околу четири секунди.

Повеќе детали ќе бидат познати во следните денови, бидејќи премиерата е најавена веќе за 17 август.

Поврзани вести

Почнува производството на „Шелби ГТ350Р“ модел ста... Легендарниот тркачки модел, „Шелби ГТ350Р“ од 1965 година, наскоро повторно ќе почне да се изработува со помош на неколкумина ентузиасти кои се заслуж...
Порше не сака да оди на суд, на клиентите им купув... Во еден од најнеобичните вонсудски договори, Порше се обврза на сопствениците на одредени модели на оваа марка во САД да им исплати пари за купување н...
Кинезите од саемот во Франкфурт тргнуваат во поход... Кинескиот автомобилски бренд „Чери“ (Chery) сака да го освои Стариот континент, а првиот нов модел за европскиот пазар ќе го претстави веќе во септемв...
Изум кој го унапредил возењето: 90 години на серво... Без никакви дилеми, системот за сопирање е прв и најважен дел од безбедносните компоненти на возилата, но пред еден век автомобилските сопирачки со ма...
Се продава последниот суперспортски „Форд ГТ40 Род... Единствениот останат оригинален прототип на суперспортскиот „Форд“ од 1960-тите со отворен покрив бара нов сопственик. „Форд ГТ40“ настана со намер...
Новиот „Ауди А3“ пристигнува во 2019 година, дефин... Во ноември 2016 година пристигна веста дека „Ауди“ го одложи развојот на новата генерација на моделот !„А3“ со цел да се фокусира на проблемите предиз...