Исповед на мајка, чие дете има АДХД

Исповед на мајка, чие дете има АДХД

Секој родител се соочил со потешкотијата да се избори со хистериите на своето дете. Може и вам ви се случило детето да почне да плаче во продавница, додека сите гледаат во вас и дури и на глас ве осудуваат, а вие размислувате дали некаде сте згрешиле во воспитувањето.

Замислете тогаш како и е на мајката, чија ќерка има пореметување на вниманието. Тејлор Мејерс знае како изгледа оваа ситуација и затоа сакала да ја подели со останатите мајки.

– Стотина пати сум излегувала од продавница поради неа. Таа е неуморна, ја започнува Тејлор приказната за својата четиригодишна ќерка Софи и раскажува како еден напад на импулсивноста и хистеријата од страна на девојчето се претворил во убав момент.

– Стоев во ред во Волмарт и чекав да платам се што ставив во корпата, а Софи стоеше/седеше/трчаше и се жалеше што и ја земав кесичката со грицки, а потоа ме нарече г__но, напиша Мајерс на Фејсбук.

– Поради АДХД пореметувањето, таа се фаќа за работи, кои ги смета за неправедни и погрешни и не престанува се додека на крајот не заспие или не се случи нешто толку драматичо за да и го сврти вниманието од темата со која е опседната, вели мајката.

Откако Тејлор неколку пати и рекла на својата ќерка да седне, жената која стоела во редот зад нив рекла: „Госпоѓо дајте и ги грицките и конечно замолчете ја!“.

– Можев да одговорам пољубезно. Можев да објаснам дека мојата четиригодишна ќерка има прилично сериозна форма на АДХД, дека сама одгледувам две деца, дека давам се од себе и дека немам друг избор освен да чекам тука во ред, пишува Мејерс.

– Наместо тоа слушнав како ми излегува од уста: „Таа е четиригодишно дете и би требало да си ја гледаш својата работа“, додава таа.

Додека солзи и течеле по лицето го напуштила редот пред касата и преминала во друг, за да избегне натамошна расправија, а потоа им пришла друга жена. Меѓутоа таа на Софи и поставувала прашања и разговарала со неа.

– Искрено оваа жена покажа таква љубезност и сочувство, како што досега не сум видела. Доволен е еден коментар за да скршите некого. Никогаш не знаете низ што минува некој. Никогаш не знаете какви проблеми има детето и поради што така се однесува, освен ако не ја знаете битката на одгледување дете како моето не можете да осудувате. Но исто така е потребен само еден љубезен гест мајката да почувствува утеха и вредност, раскажа Тејлор и и се заблагодари на непознатата жена на нејзината љубезност.

– Мајките мора да се држат заедно, заклучи таа.

Поврзани вести

Адитивите во храната ја зголемуваат телесната тежи... Бројни истражувања покажуваат дека конзервансите што се наоѓаат во храната имаат штетни дејства врз човековиот организам. Едно истражување покажа ...
Како половина час пешачење влијае на вашето тело и... Половина час дневно веројатно го поминувате на интернет. Половина час го поминувате во сообраќајните гужви. Половина час не знаете што следно да напра...
Откриен е витамин кој спречува спонтани абортуси и... Само еден витамин може да помогне да се спречи развој на вродени недостатоци кај ембрионот и бебето, а тој воедно обезбедува и здрава бременост, откри...
Како да препознаете менингитис: Причини и симптоми... Поради се поголемата изложеност на бактерии на базените и во реките, децата од менингитис често заболуваат во текот на летните месеци, а еве како може...
Како детето да го натерате да јаде овошје и зеленч... Секој родител сака неговото дете да се храни здраво, но тоа не е секогаш возможно. Форсирањето може да предизвика контраефект па многумина порано или ...
„Корекција“ на гените за отстранување на наследна ... Група научници првпат успеаја да „корегираат“ гени во раниот стадиум на развој на човечки ембриони, со цел да спречат настанување на срцева болест, ко...