Новиот „Галакси Ноут 8“ со две камери и посилен процесор

Новиот „Галакси Ноут 8“ со две камери и посилен процесор

„Самсунг“ се подготвува на 23 август во Њујорк конечно да го претстави новиот модел „Галакси Ноут 8“ , па поради тоа информациите за спецификациите се се почести.

Според последните проверени најави, наследникот на „Ноут 7“ ќе биде достапен во црна, златна, сива и сина боја. Цената ќе изнесува околу 1.000 евра, а продажбата ќе почне во септември.

Телото на уредот ќе биде заштитено од влијание на вода и прашина со сертификатот ИП68. Формата многу потсетува на „Галакси С8“ и „С8 Плус“, што е и очекувано, а разликите се видливи во деталите како што се „коцкастите” рабови, 6,3-инчен АМОЛД дисплеј, димензиите 162,5 мм х 74,6мм х 8,5 мм и класичната големина на дисплејот од 18.5.9.

Ќе работи со Снепдрагон 835 во САД и Ексинос 8895 чипсет во другите делови на светот, а ќе ги има стандардните 6 гигабајти РАМ и 8 гигабајти кај посилните верзии, како и 64 гигабајти интерна меморија со можност за проширување.

„Ноут 8“ ќе има две задни камери, двете опремени со сензори од 12 мегапиксели. Широкоаголната камера ќе поседува отвор на блендата од ф1,7 и дуалпикселен автофокус, а телефото камерата ќе има ф2.4 бленда и двоен оптички зум. Двата сензора ќе бидат оптички стабилизирани, а предната камера ќе биде опремена со 8-мегапикселски сензор со отвор на блендата од ф1.7.

Ќе поседува батерија од 3.300 милиампер часови, која ќе има способност за брзо полнење преку УСБ влез.

Поврзани вести

Почнува производството на „Шелби ГТ350Р“ модел ста... Легендарниот тркачки модел, „Шелби ГТ350Р“ од 1965 година, наскоро повторно ќе почне да се изработува со помош на неколкумина ентузиасти кои се заслуж...
Порше не сака да оди на суд, на клиентите им купув... Во еден од најнеобичните вонсудски договори, Порше се обврза на сопствениците на одредени модели на оваа марка во САД да им исплати пари за купување н...
Кинезите од саемот во Франкфурт тргнуваат во поход... Кинескиот автомобилски бренд „Чери“ (Chery) сака да го освои Стариот континент, а првиот нов модел за европскиот пазар ќе го претстави веќе во септемв...
Фејсбук додава нова опција за да ги поттикне корис... Фејсбук ова лето почна да тестира неколку нови опции за камерата, а најинтересна е можноста за снимање на GIF-ови. Фејсбук се одлучи на корисниците да...
Европската унија почнува да развива европски супер... Европската комисија веќе подолго време размислува за изградба на супер компјутер на подрајчето на ЕУ, кој би служел на земјите членки и би овозможил н...
Изум кој го унапредил возењето: 90 години на серво... Без никакви дилеми, системот за сопирање е прв и најважен дел од безбедносните компоненти на возилата, но пред еден век автомобилските сопирачки со ма...