Софијанова не е пејачка која треба да има фанови и контра-фанови

Софијанова не е пејачка која треба да има фанови и контра-фанови

Елементарно непознавање на работите: утрово затекнав „жалопојки” за промената на Софијанова. Тажаленки од многу родители чии деца за среќа се живи. Затекнав воздигнување на она што впрочем е работа на секој лекар: да се грижи ревносно за здравјето на пациентите. Нашите болници и клиники се преполни со кадри кои секојдневно спасуваат животи, но, по нивна или нечија друга воља, не се експонират толку јавно. Принципите не се градат врз основа на личните искуства на лекарот со Вас, туку врз основа на мерливоста на резултатите што ги продуцира здравствениот систем.

Секоја политичка гарнитура ја спроведува својата, во случајов здравствена, политика преку кадар за кој мисли дека ќе е на ниво на задачата. Да се обидеше некој да и’ ја земе нејзината примарна професија, ќе го разберев сето ова што го пишувате. Но толку тага по некој за тоа дали ќе биде директор или не?! На Одделението за интензивна нега, добриот лекар треба да е во сала, а не „да лови“ кој кога оди на паузи. Системското непознавање не’ сотре. И да, Софијанова не е пејачка која треба да има фанови и контра-фанови. Тука е проблемот.

Другото треба да е предмет на правната држава која докрај треба да расчисти дали некој доцнел со својот потпис кога се работело за туѓи живот, дали давал подобри вакцини во својот кабинет и дали треба да си другарка на сопругата на Претседателот за работите да функционираат нормално?! Д-р. Софијанова, спасувај животи, за тоа впрочем си платена. И да, не си единствената ненаспана, посветена, музички талентирана, логороична и „виспремна“. Само, знаеш, Ти обожаваш да се снимаш и сликаш, сето тоа додека постои народ кој се заблагодарува за работи што се во описот и пописот на работното место. Имаш лоби, имаш влијателни пријатели, но за тоа, јас, барем никаде не сретнав пасус во лекарската заклетва. И утре ќе изгрее сонце. И без некој што можеби ги надминал границите помеѓу естрадна ѕвезда и лекар. Дотогаш, жалете што не е директор, ова е трагедија од светски размери…

Дејан Блажески

Поврзани вести

Утврдување лична и поединечна одговорност за секој... Поделбата на власта на законодавна, извршна и судска не смее да биде само деклараторно. Главното мото на државата и на власта треба да биде граѓан...
Мерал Груби: Ми ветија „Живот во Македонија“ и од ... Мерал Груби, која поради презимето ја поврзуваат со функционерот на ДУИ, Артан Грубу појаснува дека нејзиниот сопруг е роднина со него, но дека таа не...
Крајот на играта Може ли, смее ли да се молчи во вакви моменти кога градскиот ,,татко“ , а без сомнение татко насилник, заедно со својата банда насилници и збирштина о...
Како го запознав министерот за здравство, д-р Арбе... За докторот Таравари првпат слушнав пред неколку години од моите родители, кои не штедеа убави зборови за неговото работење како невролог. Паметам дек...
Како Русите нѐ спасија од Груевски?... Во ситуации кога требаат да ја одбранат лојалноста кон сопственото политичко убедување, има некоја сличност во менталниот склоп помеѓу поразените сили...
Отворено писмо до премиерот Зоран Заев... „Почитуван премиере Заев, Ова е отворено писмо до Вас за што ни на момент не се двоумев или колебав да го напишам. Напротив, чувствував посебна од...