Утврдување лична и поединечна одговорност за секој судија

Утврдување лична и поединечна одговорност за секој судија

Поделбата на власта на законодавна, извршна и судска не смее да биде само деклараторно.

Главното мото на државата и на власта треба да биде граѓанинот на прво место и неговите слободи и права, а заедницата треба да биде заснована на интересите на граѓанинот.

Тоа произлегува од суштината на граѓанското опшество, во кое главната улога ја има граѓанинот, а не власта.

Во ера во која Меѓународната заедница дава најголем приоритет на заштита на човековите права, идејата од типот „Не се запрашувај што може државата да напарви за тебе, туку запрашај се што ти можеш да направиш за државата“ е застарена и неприменлива.

Во такви услови, неприфатливо е реформите во судската власт да се сведуваат на промена на бројките на судските предмети со заведување на понови броеви од понови календарски години, со отфрлање на тужбени барања поради направени технички пропусти во основниот дел од тужбата и слични небулози, туку со промени кои ќе значат давање еднаква можност на граѓанинот во остварувањето на своите права.

Во тој смисол, реформирањето на судската власт треба да биде во правец на создавање институции за остварување на правна, правилна и правична заштита на загрозените и разнишани права на граѓаните.

Таквите реформи, кои мора да отпочнат, а согледувајки понатамошните збиднувања во остварувањето на судската власт од страна на одредени судии кои укажуваат дека за нив истите не се ни навидум отпочнати, ниту овие судии размислуваат за ваквите промени, па реформите секако мора да ја опфатат сверата на лична одговорност на судијата.

Остварувањето на личната одговорност нема и не може да биде едноставен процес, од причина на наталожената комфорност на редица судии во изминативе години.

На тој начин, ниту еден судија нема да се произнесе дека неговите Одлуки не биле во ред. Странките во постапките не би требало да даваат свои мислења во ваквите реформи од причина што нивните ставови и размислувања секогаш ќе бидат субјективни, ќе бидат емотивни, во секој случај нема да бидат засновани на стручност, а со тоа нема да бидат и соодветни.

Заради тоа е потребно формирање на независно тело, засновано од експерти во свои области, со повик до сите Адвокати, да ги приложат своите „проблематични“ Пресуди, а секој Адвокат во својата канцеларија точно ги знае сите „проблематични“ и незаконити судски Одлуки.

Имајќи предвид дека правата на граѓанинот не се губат само во Кривичниот суд во кој граѓанинот ја губи својата слобода или својата „неосудуваност“, туку истите се губат и во Граѓанскиот суд, во кој на граѓанинот му се одземаат граѓански права кои по ниту еден основ не можат да му бидат одземени, му се ограничуваат права кои по ниту еден основ не можат да му бидат ограничени, или му се наметнуваат терети кои по ниту еден основ нема потреба да ги трпи и поднесува, па со едбо вакво преиспитување на сите неуставни и незаконити судски Одлуки, би се постигнал двоен ефект:

1. Ѓраѓанинот би ја остварил својата слобода, или би го остварил своето нарушено или одземено право, без разлика дали е тоа во Кривичната или во Ѓраѓанската материја;

2. А од друга страна, тој што по макотрпната работа на Адвокатите, со само еден свој потпис, во делот на потпис на судија, кој со само еден свој потпис ја урнисал целата макотрпност во докажувањето на правдата и справедливоста за својот клиент, без никакви релевантни образложенија за таквиот свој потпис, би сносел кривична одговорност за злоупотреба на положбата или за несовесно вршење во службата, би сносел и материјална одговорност произлезена од кривичната одговорност, а на крајот, тоа би значело јасна порака до сите „делители на правдата“, во иднона да се фокусираат на доследна примена на Уставните, законските и меѓународни норми во остварувањето на правична примена на правата на граѓаните кога тоа ќе биде побарано од нив, или против нив.

Адвокат – М-р. Стојанче Геровски

Поврзани вести

Софијанова не е пејачка која треба да има фанови и... Елементарно непознавање на работите: утрово затекнав „жалопојки" за промената на Софијанова. Тажаленки од многу родители чии деца за среќа се живи. За...
Мерал Груби: Ми ветија „Живот во Македонија“ и од ... Мерал Груби, која поради презимето ја поврзуваат со функционерот на ДУИ, Артан Грубу појаснува дека нејзиниот сопруг е роднина со него, но дека таа не...
Крајот на играта Може ли, смее ли да се молчи во вакви моменти кога градскиот ,,татко“ , а без сомнение татко насилник, заедно со својата банда насилници и збирштина о...
Како го запознав министерот за здравство, д-р Арбе... За докторот Таравари првпат слушнав пред неколку години од моите родители, кои не штедеа убави зборови за неговото работење како невролог. Паметам дек...
Како Русите нѐ спасија од Груевски?... Во ситуации кога требаат да ја одбранат лојалноста кон сопственото политичко убедување, има некоја сличност во менталниот склоп помеѓу поразените сили...
Отворено писмо до премиерот Зоран Заев... „Почитуван премиере Заев, Ова е отворено писмо до Вас за што ни на момент не се двоумев или колебав да го напишам. Напротив, чувствував посебна од...