(ВИДЕО) Миленковиќ: Двајца починати од тешка заразна болест на Инфективна, се утврдуваат причините

(ВИДЕО) Миленковиќ: Двајца починати од тешка заразна болест на Инфективна, се утврдуваат причините

Две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести. Тие биле донесени во Клиниката во тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање…На Клиниката во моментов се хоспитализирани четири лица од истиот регион со полесна клиничка слика.

Ова денеска го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство Звонко Миленковиќ, кој е директор на Инфективната клиника.

Посочи дека ги известиле центрите за јавно здравје кои веднаш излегле на терен и вршат епидемиолошки испитувања.

– Инфективната патологија подразбира голем број различни заболувања, меѓу нив и такви кои може да се пренесуваат на човекот и да предизвикаат болест. Во конкретниот случај не станува збор за болести кои имаат висок степен на трансмисивност меѓу луѓето. Од тука не гледам причина за создавање паника или несигурност меѓу луѓето, нагласи Миленковиќ.

Тој посочи дека починатите се од машки пол, на возраст од 50 и 23 години и биле во роднинска врска.

– Станува збор за фебрилна состојба со засегната функција на црниот дроб, бубрезите и коагулациските фактори, рече Миленковиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека на Инфективната клиника ниту имало, ниту има карантин.

– Карантин подразбира изолација на лица кои биле во контакт со некого во одреден простор. Лицата кои се со тешка брза прогредирачка форма на заболување се предмет на изолација, а не на карантин, додаде Миленковиќ.

Поврзани вести

Можен прекин во водоснабдувањето утре во Драчево и... Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот до завршување на работите, можно е да имаат корисниците во населбите Драчево и Долно Лисиче. РЦУК по из...
Протестираа жителите на Порој поради несанираните ... Со предупредувачка блокада од половина час на регионалниот пат Тетово - Јажинце кај мостот под селото, жителите на Порој го изразија својот револт од ...
Џафери: На седниците на работните тела ќе се канат... Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери му одговори на премиерот Зоран Заев на неговото писмо со честитка за водењето на пар...
Тешко повреден маж по пад од карпа кај браната на ... Четириесетгодишен маж изутрина околу осум часот паднал искачувајќи се од карпа на излезот од браната кај езерото „Младост“, здобивајќи се со тешки тел...
(ВИДЕО) Димитров во посета на Осло: Потпишана Заед... Заокружувајќи ја својата нордиска турнеја, денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, престојуваше во возвратна...
Реконструкција на улици во Пехчево... Асфалтирани се две улици во Пехчево со вкупна должина од околу 500 метри, а во тек е реконструкција и на улиците „Гоце Делчев“ во должина од 168 метри...