Баерн се откажа од Алексис Санчез

Баерн се откажа од Алексис Санчез

Минхенски Баерн се повлече од можноста за ангажирање на Алексис Санчез од Арсенал, откако Баварците потпишаа договор со Хамес Родригез од Реал Мадрид.

Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге изјави дека таквата одлука е донесена од тренерот Карло Анчелоти, бидејќи повеќе не му треба засилување во нападот.

– Ние веќе не сме заинтересирани за Санчез. Се договоривме со Анчелоти дека повеќе не ни треба напаѓач’, изјави Румениге за германскиот „Кикер’’.

Чилеанскиот репрезентативец, кому му остана уште една година од договорот со Арсенал, го искажа своето незадоволство од неконкурентноста на „топџиите“ во борбата за трофеи, а како нова опција му се отвора трансфер во Манчестер Сити со што најави дека сака да ја напушти екипата.

Од друга страна, Арсенал се откажа од купувањето на играчот кои настапуваа на истата позицијата како и Санчез, бидејќи од клубот се убедени дека Чилеанецот ќе остане.

Сепак, дека Санчез е блиску до напуштање на Арсенал, зборува и фактот дека тој не и се приклучи на екипата на турнејата во Австралија и Кина.

Поврзани вести

Зума од Челзи на позајмица во Стоук... Францускиот интернационалец Курт Зума во наредната сезона ќе ќе игра за тимот на Стоук. Иако фудбалерот од добраната неодамна го продолжи договоро...
УЕФА го казни Хајдук за расистичко навивање на „то... Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) му изрече казна на сплитски Хајдук за расистичко навивање. Хрватскиот тим, кој се...
Пуштени во продажба билетите за дуелот Вардар R... Билетите за натпреварот од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони меѓу македонскиот првак Вардар и данскиот Копенхаген од денеска се пуштен...
Дуелите меѓу Олимпијакос-Партизан без гостински на... Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги извести екипите на Партизан и Олимпијакос дека нивните навивачи нема да смеат на присуствуваат на натпревраи...
Вардарци изразија благодарност до УЕФА што им дозв... Откако Европската фудбалска федерација (УЕФА) реши да го прифати барањето на македонскиот првак Вардар мечот од третото квалификациско коло за Лигата ...
Мексико против Јамајка во полуфиналето на Голд Куп... Репрезентациите на Мексико и Јамајка ја сочинуваат втората полуфинална дбојка на Голд Купот што се одржува во САД. Селекцијата на Мексико во место ...