СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го бетонира локалитетот Скупи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го бетонира локалитетот Скупи

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Валентина Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ преку криминалното и неодговорно владеење, не само што не го заштитуваше културното и историско наследство, туку заради остварување на криминални интереси истото намерно го загрозуваше и уништуваше.

Еден од најочигледните докази за тоа е археолошкиот локалитет Скупи. Преку сомнителен тендер со набилдани цени за таканаречена обнова на локалитетот, ВМРО-ДПМНЕ противправно сакаше да изгради сала од бетон замаскирана со травертински плочки и да го осквернави и нагрди археолошкиот локалитет, само за да се остварат нечии криминални интереси.

Владата предводена од СДСМ ќе го заштити културното и историско наследство и ќе го спречи секој обид за уништување на објектите од културно и историско значење, заради остварување на нечии криминални интереси“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани вести

Горан Стојановски разрешен, Стрезо Стаматовски нов... Министерството за култура донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Националната установа Центар за култура „Григор...
ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозовски покажа дека не е заинтерес... ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ вработува лица со партиски книшки како втора лична карта или со богато фејсбук искуство во навреди. Лилјана За...
Околу илјада учесници на претстојните 47. „Илинден... Националната установа Центар за култура-Битола, организатор и домаќин на републичкиот фестивал на песни и игри „Илинденски денови“, подготвена го доче...
Ќе се враќа постапката за стекнување лиценца за ле... Владата на вчерашната седница го усвои предлогот за именување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик, со кој се враќа постапката з...
Шоуто на Вивалдиано на 4 август на Охридско лето... Концертниот 3Д спектакл, шоуто на Вивалдиано со повеќе од 60 музичари, танчери и наратори, прв пат ќе биде изведен во Македонија и тоа на 4 август на ...
Владата го усвои предлогот за укинување на титулат... Владата на Република Македонија на синоќешната седница ја разгледала и усвоила информацијата за евалуацијата на проектите и програмите во Министерство...