ВИДЕО: Промовиран третиот повик за проектот „Странски експерти за домашни компании“

ВИДЕО: Промовиран третиот повик за проектот „Странски експерти за домашни компании“

Денеска во Владата на Република Македонија беше промовиран третиот јавен повик за проектот „Странски експерти за домашни компании“, на кој присуствуваа Заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев, амбасадорката на Република Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада, министрите задолжени за привлекување на странски инвестиции и подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, Зорица Апостолоска, Рамиз Мерко, Аднан Ќахил, претставници на Стопанска Комора на Македонија, Сојузот на Стопански комори на Македонија и Стопанска комора на северо-западна Македонија, како и претставници на домашните претпријатија кои ги споделија своите искуства од досегашното спроведување на овој проект.

Свое поздравно обраќање пред присутните имаше заменик претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев кој ја потврди силната заложба и поддршка на новата влада за раст и развој на домашните компании и како што рече тој, ова е една од мерките што ќе придонесе кон јакнење и зголемување на капацитетите на домашните фирми.

„На почетокот сакам да изразам благодарност до Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија и до сите останати амбасади коишто дадоа придонес во овој проект. Суштината на овој проект е да се пренесе know-how од странски експерти во македонските компании со цел да се примени нивото на новите технологии во нашите компании, нивото на соработка со странски компании што имаат поголемо искуство во примената на новите технолошки достигнувања и менаџирање. Овој проект треба да им помогне на домашните компании да го зголемат својот капацитет и своите знаења за да можат да бидат поконкурентни на светскиот пазар“, рече Заменикот претседател на владата задолжен за економски прашања, Анѓушев.

Амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, рече дека Швајцарија останува цврсто посветена во помошта што ја дава за економски развој на Македонија и за таа цел Швајцарија учествува со поддршка во 14 економски проекти во земјава. Со оваа помош, во рамките на швајцарскиот проект „Зголемување на пазарната вработеност“, поддржани се 12 мисии на швајцарски експерти во Македонија.

По обраќањето на амбасадорката, следуваше кратка презентација на досегашните остварени резултати од спроведувањето на овој проект. Досегашните постигнувања говорат дека дури 78% од компаниите се задоволни од користењето на странска експертиза, а 90% повторно би аплицирале за ваква помош.

Беше потенцирано дека рокот за пријавување на овој трет повик е до 29.07.2017 година.

Претставниците на стопанските комори ги поздравија и ги истакнаа позитивните резултати и придобивките што домашните претпријатија ги имаат од ваквиот тип на експертска поддршка.

Како позитивни резултати коишто ги оствариле, претставниците на домашните претпријатија ги истакнаа подобрување на производствениот процес и организацијата на работата, како и преносот на взаемни знаења и искуства.

Министрите Шапуриќ, Апостолска, Мерко и Ќахил уште еднаш ја потврдија одлучноста на новата влада за градење на добра бизнис клима која ќе овозможи еднакви услови, економски раст и развој на домашните и странските компании.

„Ова е една од мерките на владата за градење на подобар капацитет на нашите компании и во оваа прилика им благодарам на домашните компании за споделеното позитивно искуство. Овој настан е еден апел од страна на владата, нашите компании ваквите можности да ги искористат“, истакна во завршницата на своето обраќање Заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев.

Поврзани вести

Полицијата трага по Горан Грујевски, не ги чекал в... Полицијата вечерва не го пронајде Горан Груејевски, поранешниот началник на УБК, во својот дом. Не е јасно ниту дали е приведен и Никола Бошковски, со...
Европско јуниорско првенство во воздухопловно моде... На спортскиот аеродром во Прилеп денеска започна Европскиот јуниорски шампионат во воздухопловно моделарство, на кој учествуваат околу 80-тина натпрев...
Двајца македонски каратисти ќе се борат за злато в... Македонските каратисти кои учествуваат на Европското универзитетско првенство во Куимбра, Португалија, денеска во елиминацискиот дел од првенството по...
ВМРО-ДПМНE бара оставка од министерот Таравари пор... Алармантна и загрижувачка е ситуацијата во Гостивар и Гостиварско. За само три дена негрижата и неспособноста на министерот Таравари однесе два човечк...
Поддршка од Велика Британија за реформската Влада ... Премиерот Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, попладнево се сретна со Фиона Мек Илв...
Средба на Спасовски со верските поглавари: МВР ќе ... Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со поглаварите на верските заедници: г.г. Стефан- поглавар на Македонскат...