ВМРО-ДПМНЕ: Кратењето на буџетот ја отсликува негрижата на СДСМ за културното наследство

ВМРО-ДПМНЕ: Кратењето на буџетот ја отсликува негрижата на СДСМ за културното наследство

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека министерот за култутра Алаѓозовски и Социјалдемократскиот сојуз со стопирање на изградбата на проектот Антички театар Скупи ја потцениле маката на илјадници работници кои неколку години работеле на тој локалитет.

– Со ребалансот на буџетот предвиден за изградба на Античкиот театар Скупи, сите средства кои беа наменети за проектот се укинати некаде над 80 отсто. Ова потврдува дека на СДС воопшто не им е гајле што илјадници археолошки работници го вложија својот труд со години наназад, рече на прес-конференција Валентина Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека со ребалансот на буџетот во културата, проектиран од Социјалдемократскиот сојуз и Алаѓозовски, тие го кратат буџетот за сите археолошки истражувања со над 70 отсто.

– Кратењето на буџетот за археолошки истражувања на локалитетите низ државата е некаде над 70 отсто, а тоа ја отсликува негрижата на СДС за културното наследство во Република Македонија, рече Божиновска.

Таа повика СДСМ да не ги стопира реализацијата на проектот за Антички театар Скупи и археолошките истражувања на локалитетите низ Република Македонија. – Место блокади, фатете се за работа бидејќи вака ако продолжите ќе бидете запаметени како варвари во културата и културното наследство во Република Македонија, нагласи Божиновска.

Поврзани вести

Горан Стојановски разрешен, Стрезо Стаматовски нов... Министерството за култура донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Националната установа Центар за култура „Григор...
ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозовски покажа дека не е заинтерес... ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ вработува лица со партиски книшки како втора лична карта или со богато фејсбук искуство во навреди. Лилјана За...
Околу илјада учесници на претстојните 47. „Илинден... Националната установа Центар за култура-Битола, организатор и домаќин на републичкиот фестивал на песни и игри „Илинденски денови“, подготвена го доче...
Ќе се враќа постапката за стекнување лиценца за ле... Владата на вчерашната седница го усвои предлогот за именување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик, со кој се враќа постапката з...
Шоуто на Вивалдиано на 4 август на Охридско лето... Концертниот 3Д спектакл, шоуто на Вивалдиано со повеќе од 60 музичари, танчери и наратори, прв пат ќе биде изведен во Македонија и тоа на 4 август на ...
Владата го усвои предлогот за укинување на титулат... Владата на Република Македонија на синоќешната седница ја разгледала и усвоила информацијата за евалуацијата на проектите и програмите во Министерство...