СДСМ: Не постои поштетно задолжување од она на ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот ги насочува парите кај граѓаните

СДСМ: Не постои поштетно задолжување од она на ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот ги насочува парите кај граѓаните

СДСМ писмено реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не постои поголемо и поштетно задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните на Македонија за време на 11 годишното криминално владеење. ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше расипнички, тајно и нетранспарентно, а парите од скапите задолжувања ги трошеше непродуктивно и за луксузирање и криминално богатење на поединци. Таквиот расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните, резултираше со јавен долг од над 50% од БДП, со околу 500 000 осиромашени граѓани и над 180 000 граѓани кои живееа со само 40 денари дневно.

Ребалансот на Буџетот е првиот чекор кон поправање на економските штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на парите назад кај граѓаните. Преку ребалансот се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните, се намалуваат животните трошоци и се создаваат услови за придвижување на економијата и севкупен економски раст.

Новата Влада предводена од СДСМ работи согласно интересите на граѓаните, а предвидените средства од задолжувањата на домашниот пазар се со цел да се обезбеди навремена и целосна реализација на Буџетот по најповолни услови што ги нуди домашниот пазар односно по пониски каматни стапки“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани вести

Владата ќе преземе пакет мерки за стабилизирање на... Македонија годинава очекува недостиг на околу 110.000 тони пченица поради што веројатно ќе реализира увоз. За стабилизирање на пазарот, Владата ќе пре...
Македонија и Бугарија ќе ја продлабочат соработкат... Македонија и Бугарија ќе ја продлабочат соработката во енергетиката преку разгледување на можноста за изградба на ново интерконективно гасно поврзувањ...
Бугарската Влада го одобри меморандумот за железни... Бугарската Влада денеска го одобри Меморандумот за соработка меѓу министерствата за транспорт на Бугарија и на Македонија за развој на железничкиот со...
Турски бизнисмени од Адијаман ги истражуваат можно... Текстилната индустрија, производството на мермер, земјоделството, сточарството, рударството и туризмот се секторите за кои се заинтересирани да сорабо...
Бектеши – Техада: Македонија и Швајцарија да... Македонија да ја унапреди економската соработка со Швајцарија која претставува нејзин значаен трговски партнер, е заклучокот од денешната работна сред...
Премиерот Заев со претставници на Светска Банка: Н... Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Линда Ва...