Хотел „Изгрев Спа“: Труењето е од храна купена на друго место

Хотел „Изгрев Спа“: Труењето е од храна купена на друго место

Хотел „Изгрев Спа и аквапарк“ денеска ги отфрли како тенденциозни и невистинити информациите за наводното труење со храна. Соопшти дека, согласно инспекциските контроли, од присутните 450 нивни гости и дополнителните 350 и 120 на две свадби, како и околу 200 лица вработен персонал, само три се пожалиле на стомачни тегоби, но тие не консумирале храна од хотелот, туку надвор, во други објекти.

Во соопштение до медиумите, „Изгрев Спа и аквапарк“ ги изнесува резултатите од инспекциските контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведени завчера, кои покажуваат дека хотелот ја набавува храната од регистрирани и одобрени оператори за кои уредно се водат записи во соодветни контролни листи.

– Посебно напоменуваме дека во Записникот на АХВ не се констатирани несоодветности од кои би била загрозена безбедноста на храната. Наведено е дека од присутните 450 гости во хотелот и дополнителните 350 и 120 на две свадби, како и околу 200 лица вработен персонал, само три се пожалиле на стомачни тегоби, Тие не консумирале храна од хотелот, туку надвор, во други објекти, информира „Изгрев Спа и аквапарк“.

Како што истакнува хотелот, од разговорите со израелската туристка А.А. која престојува во „Изгрев Спа и аквапарк“ и која пријавила случај на труење на нејзините две деца, добиена е информација дека пред оброкот во хотелот, децата конзумирале смути напиток купен на место надвор од хотелот.

– Од март до јуни годинава, Центарот за јавно здравје – Охрид изврши неколку хемиско-бактериолошки испитувања и микробиолошки анализи на вода по што констатира дека земените примероци одговараат на Правилникот за безбедност и припаѓаат на прва класа од уредбата за класификација на водите. Поради овие факти, ги отфрламе сите наводи за труење со храна во хотелот и сметаме дека се тенденциозни и невистинити, стои во соопштението на „Изгрев Спа и аквапарк“.

Поврзани вести

Полицијата трага по Горан Грујевски, не ги чекал в... Полицијата вечерва не го пронајде Горан Груејевски, поранешниот началник на УБК, во својот дом. Не е јасно ниту дали е приведен и Никола Бошковски, со...
Европско јуниорско првенство во воздухопловно моде... На спортскиот аеродром во Прилеп денеска започна Европскиот јуниорски шампионат во воздухопловно моделарство, на кој учествуваат околу 80-тина натпрев...
Двајца македонски каратисти ќе се борат за злато в... Македонските каратисти кои учествуваат на Европското универзитетско првенство во Куимбра, Португалија, денеска во елиминацискиот дел од првенството по...
ВМРО-ДПМНE бара оставка од министерот Таравари пор... Алармантна и загрижувачка е ситуацијата во Гостивар и Гостиварско. За само три дена негрижата и неспособноста на министерот Таравари однесе два човечк...
Поддршка од Велика Британија за реформската Влада ... Премиерот Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, попладнево се сретна со Фиона Мек Илв...
Средба на Спасовски со верските поглавари: МВР ќе ... Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со поглаварите на верските заедници: г.г. Стефан- поглавар на Македонскат...