ВИДЕО: За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ребалансот не е реформски

ВИДЕО: За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ребалансот не е реформски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ребалансот на буџетот не е реформски, односно нема развојна компонента. Пратеничката Лилјана Кузмановска и претседателка на Комисијата за буџет и финансирање рече дека сите ставки што ги предвидела претходната влада, а се однесувале на поддршка на развојни проекти, биле скратени и биле додадени ставки со кои се субвенционираат проекти што не носат приходи.

„Сите проекти што значеа развој ги скративте. Без законско решение ќе зголемувате минимална плата, без образложение по кои критериуми, кои компании ќе ги добијат субвенции. Нема ништо објаснето, а зборувате за транспарентност. Ќе има нови вработувања и зголемување на платите. За привремени вработувања се предвидени 325 илјади евра. Какво е оваа сеење магла? Од друга страна, градежништвото стагнира, има пад за 6,3 %, а знаеме дека тоа носи најголемо раздвижување“, рече Кузмановска.

Министерот Тевдовски рече дека пад во градежништвото бил забележан уште на почетокот на годината и дека новата Влада ќе бара начини за негово раздвижување. Тој додаде дека, сепак, во ребалансот, акцентот е ставен на поддршка на домашните компании, а за поддршката на странските инвеститори, рече дека ќе следи по пост-бенефициска анализа која ја подготвувало Министерството.

„Постои поддршка и за странските инвеститори, ги има тие ставки во буџетот. Ние сакаме тие да се чувствуваат безбедени и да дадат една позитивна слика за климата во државата. Сепак, ние, како што најавивме, ќе направиме анализа, која ќе покаже какви се бенефитите од овие инвестиции и во која форма е потребна субвенција“, рече Тевдовски.

Пратеникот на СДСМ, Јован Митревски, на распрвата по ребалансот рече дека кратењата биле неопходни за да може да се реализираат реформските проекти што ги ветила Владата.

„Буџетот е нереално проектиран и ние кога бевме во опозиција укажувавме на тоа.Ова беше најгломазен и најнеостварлив буџет досега. Затоа сега со ребалансот се прави корекција на оние непродуктивни трошења, а средствата се пренасочуваат за проектите како што се минимална плата, поддршка за мали и средни претпријатија и вработување на младите, за помош на стечајаците, за социјалата“, рече Митревски.

За дискусија, осносно реплика се јави пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО- ДПМНЕ кој реагираше на кратењата за изградба на автопатите, тврдејќи дека со ова власта ги сече клучните проекти кои носат бенефиции за граѓаните. Тој забележа и на субвенционирањето на МРТВ и рече дека никаде во Европа нема целосно финансирање на јавниот сервис.

Како и досега и на Комисијата за финансирање и буџет, пратениците од мнозинството ја напуштија салата на говорот на Мукоски. По ова седницата беше прекината со едночасовна пауза.

Инаку, денеска почна општата распрва по ребалансот, по што ќе следи разгледување на поднесените 840 амандмани. Од нив 706 поднела ВМРО-ДПМНЕ, додека останатите 134 амандмани се од партии од албанскиот политички блок.

Поврзани вести

Полицијата трага по Горан Грујевски, не ги чекал в... Полицијата вечерва не го пронајде Горан Груејевски, поранешниот началник на УБК, во својот дом. Не е јасно ниту дали е приведен и Никола Бошковски, со...
Европско јуниорско првенство во воздухопловно моде... На спортскиот аеродром во Прилеп денеска започна Европскиот јуниорски шампионат во воздухопловно моделарство, на кој учествуваат околу 80-тина натпрев...
Двајца македонски каратисти ќе се борат за злато в... Македонските каратисти кои учествуваат на Европското универзитетско првенство во Куимбра, Португалија, денеска во елиминацискиот дел од првенството по...
ВМРО-ДПМНE бара оставка од министерот Таравари пор... Алармантна и загрижувачка е ситуацијата во Гостивар и Гостиварско. За само три дена негрижата и неспособноста на министерот Таравари однесе два човечк...
Поддршка од Велика Британија за реформската Влада ... Премиерот Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, попладнево се сретна со Фиона Мек Илв...
Средба на Спасовски со верските поглавари: МВР ќе ... Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со поглаварите на верските заедници: г.г. Стефан- поглавар на Македонскат...