Неуспехот на преговорите за Кипар го продлабочува јазот меѓу ЕУ и Турција

Неуспехот на преговорите за Кипар го продлабочува јазот меѓу ЕУ и Турција

Хуриет – Истанбул

Во обраќањето на Светскиот нафтен конгрес во Истамбул на 10 јули, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека е пропуштена „голема шанса“ со неодамнешниот неуспех на преговорите за Кипар во Швајцарија.

Тој обвини за „негативен став“ од страна на кипарските Грци исто предупреди дека интересот на „некои енергетски компании“ за гасните полиња околу Кипар станал „дел од некои неодговорни мерки кои ги спроведуваат кипарските Грци“. Тој рече дека заради ова, овие компании „ќе загубат пријател како Турција“.

На две фирми од страна на влада на кипарските Грци им се доделени лиценци за производство: американската компанија „Ноубл“ и израелската компанија „Делек“. Француската енергетска компанија Тотал исто доби лиценца за испумпување на гас во морето на почетокот на годинава.

Меѓу присутните на конгресот беше и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, кој претходно бил извршен директор на енергетскиот гигант „Ексон“. Тој беше поканет во Истанбул за да му биде доделена наградата од Светскиото нафтен конгрес за неговите претходни придонеси во нафтениот сектор.

– Она што го очекуваме од некого кој зазема страна во развојот на Кипар е дека тие треба да се воздржуваат од чекори кои можат да отворат пат за нови тензии во регионот, рече Ердоган, истакнувајќи ги хидрокарбонатите како ресуср околу островопт кои треба да им припаднат и на турската и на грчката страна од островот.

Ова потенцирање на „нови тензии“ фрла светло врз новите дупчења кои се планирани да започнат овој месец од Владата на кипсраките Грци, на што се спротивставуваат иТурција и кипрските Турци.

Исто постојат планови за пренос на кипарски и израелски гас заедно до европските пазари. Израелската Влада дава поддршка за грчкото населување на островот затоа што смета дека гасоводот од израелските води до Кипар, а потоа до Турција – кој ќе пренесува и израелски и кипарски гас до Европа – ќе биде најисплатлив начин да го продава тој гас.

Ердоган во својот говор се фокусираше на енергетските аспекти од кипарското прашање, но постои и политички аспект кој е директно поврзан со односите на Турција со Европската унија. Односите меѓу Анкара и Брисел веќе страдаат од длабоки проблеми. Во несекојдневно гласање Европскиот парламент даде предлог до Европскиот совет да ги суспендира преговорите со Анкара заради деградацијата на квалитетот на демократија во Турција.

Под закрила на вонредната состојба која ја објави турската Влада по неуспешниот обид за преврат на 15 јули 2016 – посебно со затворањето на политичари и новинари под обвинение за тероризам – се фокус на критиките од европскте политичари. Во меѓувреме, турската Влада ја обвинува ЕУ затоа што не ги одржала своите ветувања во врска со лиерализацијата на визниот режим за турците во Европа. Таа вели дека отварањето на нои поглавја за преговори како дел од договорот за миграцијата стануваат уште поважни по сириската граѓанска војна.

За ЕУ е важно да може да се разговара за состојбата на судскиот систем и правата и слободите во Турција врз основа на нивно почитување. Двете прашања се вклучени во 23-то и 24-то поглавје во преговорите за приклучување, но и девет се во моментов блокирани од страна на владата на кипарските Грци.

Ако не пропаднеа разговорите за Кипар во Швајцарија, тоа ќе помогнеше да омекнат енергетско-безбедносните прашања во Источниот Медитеран. Тоа исто ќе помогнеше да се затвори широкиот јаз меѓу Турција и ЕУ од што корист ќе имаа и двете страни. Но, за несреќа, неуспехот на преговорите за Кипар изгледа само уште повеќе ќе го прошират јазот меѓу Турција и ЕУ.

Поврзани вести

Тачи смета дека само мултиетничко Косово е гаранци... „Косово е на сите негови граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Ние сме држава за да ги промовираме правата на немнозинските заедници. По...
Членови на Рубикон влегоа во дворот на грчкиот Пар... Десетина членови на анархистичката група „Рубикон“ денеска го пробија обезбедувањето на зградата на грчкиот Парламент и влегоа во дворот на објектот. ...
Во Грција има повеќе од 62.000 бегалци и мигранти... Во Грција во моментов има повеќе од 62.000 бегалци и мигранти, додека вчера во земјата пристигнале уште 112 лица, јави дописникот на МИА од Атина. ...
Ерик Рубин: Договорот за добрососедство меѓу Макед... Потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија претставува позитивен чекор напред за Балканот, изјави денеска американскиот а...
Голем шумски пожар во реонот на Измир... Голем шумски пожар од синоќа беснее во реонот на градот Измир близу егејскиот брег на Турција, јави агенцијата Анадолија. Пожарот, кој избувнал во ...
Турски министер предлага намалување на порциите во... Новоназначениот турски министер за храна, земјоделство и сточарство Ахмет Ешреф Факбаба предлага намалување на порциите во луксузните хотели, со цел д...