Барди се одлучи за Леванте

Барди се одлучи за Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во новата сезона ќе го носи дресот на Леванте, потврди денеска шпанскиот клуб.

Барди договори тригодишна соработка со клубот од Валенсија, со можност договорот да биде продолжен на уште две години.

Македонскиот фудбалер одигра одлична сезона за унгарски Ујпешт, а беше еден од најзаслужните за пласманот на Македонија на Европското првенство за играчи до 21 година во Полска. На еврошампионатот во јуни Барди исто така беше меѓу најдобрите во „црвено-жолтиот“ состав.

За Барди беа заинтересирани и екипите на Борусија Дортмунд, Штутгарт, Динамо Загреб ни Видеотон, но тој се одлучи да ги прифати условите што му ги понуди Леванте кои се уште не се објавени.

Поврзани вести

Германија и Шведска обезбедија четвртфинале на ЕУР... Женските фудбалски репрезентации на Германија и Шведска се пласираа во четвртфиналето на ЕУРО 2017, откако по синоќешните дуели од 3. коло од Б групат...
Две победи на гостинските екипи во третото коло од... Две победи постигнаа синоќа гостинските екипи на првите натпревари од третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Триумф на гостинските те...
Седлоски: Ова е голем триумф за Вардар... Македонскиот првак Вардар синоќа постигна минимална победа од 1:0 во првиот натпревар од третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите. „Црве...
Францускиот шампион Монако демантира дека го прода... Францускиот шампион Монако демантираше дека еден од најталентираните играчи во светот Килијан Мбапе бил продаден на Реал Мадрид за рекордни 180 милион...
Менди во Манчестер Сити како најскап дефанзивец... Бенџамин Менди и официјално е нов фудбалер на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, потврдија од клубот на својот официјален веб сајт. „Менди без...
Со дербито Шкендија – Вардар стартува новата сезон... Со дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар ќе биде отворена новата сезона во македонскиот фудбалски шампионат, односно Првата лига (ПМФЛ). Вака о...