Пакистанскиот Врховен суд го испитува потеклото на имотот на премиерот Шариф

Пакистанскиот Врховен суд го испитува потеклото на имотот на премиерот Шариф

Пакистанскиот Врховен суд започна постапка за испитување на потеклото на парите и богатството на премиерот Навиз Шараф, откако опозицијата и медиумите го обвинија за корупција и бараат од него да открие како го стекнал имотот.

Судската постапка доаѓа откако истражните власти објавија дека семејството на Шараф не го открива изворот на парите со кои располага и потеклото на имотот што го има купено.

Истрагата започна по објавувањето на „Панамските документи“, од кои се дозна дека децата на премиерот биле поврзани со оф-шор компанија кога ги купувале становите во Лондон.

По тоа откритие во пакистанската јавност се појавија обвинувања дека станува збор за компанија која се користи за „перење на пари“ за да се сокрие изворот на средствата.

Шараф ги демантира ваквите обвинувања, објаснувајќи дека становите во британскиот главен град се „легално купени“ и дека тој лично не располага со ниту еден од нив.

Тој ги обвинува опозицијата и медиумите, но и целата досегашна истрага дека сите обвинувања против него се „политички мотивирани“.

Опозицијата, пак, не верува во објаснувањата на премиерот и бара од него да поднесе оставка, затоа што, според неа, целото семејство ја користело позицијата на Шараф и политичкото влијание што тој го има за богатење на нечесен и нелегален начин.

Навиз Шараф засега одбива да се повлече од премиерската функција, но аналитичарите во Исламабад веруваат дека тоа ќе зависи од одлуката на Врховниот суд.

Полицијата денеска ги блокираше приодите кон зградата на Судот и постави бодликава жица, во обид да спречи евентуално насилство, обид за навлегување во зградата и судири на приврзениците и противниците на осомничениот премиер.

Поврзани вести

Саакашвили останува без украинско државјанство... Украинскиот претседател Петро Порошенко издаде наредба за одземање на украинското државјанство на поранешниот претседател на Грузија Михаил Саакашвили...
Австрискиот канцелар Кристијан Керн не ја сака Тур... Австрискиот канцелар Кристијан Керн за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг изјави дека Турција не би требало да стане членка на Европскат...
Кремљ не ги коментира новите санкции сè додека Тра... Русија нема да го коментира новиот пакет американски санкции против Москва сè додека претседателот Доналд Трамп не ги потпише, изјави портпаролот на К...
(ВИДЕО) Египет: Воен тенк прегази автомобил со тер... Воен тенк прегази автомобил натоварен со експлозив, а во него се превезувале терористи. Египетските вооружени сили го пофалија возачот на тенкот, зато...
Трамп најави дека трансродовите лица нема да служа... Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека нема да дозволи трансродни лица да служат во американската војска во кое било својство. „По конс...
Мариано Рахој е првиот шпански премиер што се поја... Мариано Рахој е првиот премиер на Шпанија кој денеска сведочеше на суд и беше испрашуван во врска со откриената илегална шема за финансирање во рамите...