ЕУ ќе воведе санкции за 16 Сиријци поради хемиските напади

ЕУ ќе воведе санкции за 16 Сиријци поради хемиските напади

Европската унија денеска ќе воведе санкции за 16 сириски научници и војници, за кои се смета дека се вмешани во изврушување на напади со хемиско оружје врз цивилното население во Сирија, соопшти британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

Тој пред почетокот на заседанието на Советот на министрите за надворешни работи од ЕУ, наведе дека на 16-те Сиријци ќе им бидат воведени забрани за патување, како и замрзнување на нивните имоти.

Џонсон истакна дека „тоа ја покажува решителноста на Велика Британија и останатите пријатели во Европа“ за противмерки на хемиски напади во Сирија.

Во мај ЕУ ги продолжи санкциите против Сирија за период од една година поради „континуираната агресија на Владата против нејзините граѓани“.

ЕУ веќе воведе забрани за патување и замрзнување на имотот на 240 физички и 67 правни лица од Сирија.

Поврзани вести

Во Авганистан киднапирани 70 луѓе, од кои седуммин... Од селото Кандахар, јужен Авганистан киднапирани се 70 жители, а најмалку седуммина се убиени, соопшти денеска полицијата. Покрај селото поминува г...
Хаваи се подготвуваат за неверојатно сценарио R... Американската сојузна држава Хаваи ја подготвува јавноста за евентуален балистички ракетен напад од Северна Кореја, иако се оценува дека тоа е неверој...
Сириската армија прогласи примирје во Источна Гута... Сириската армија прогласи примирје во регионот Источна Гута, кој почна денеска на пладна по локално време. - Се стопираат воените активности во нек...
Хан: Разбирлив е цврстиот став на Берлин кон Турци... Цврстиот став на Германија во однос на Турција е разбилв со оглед на тоа што Анкара притвори активисти за човекови права меѓу кои и германски државјан...
Орбан: Унгарија ќе покаже солидарност со Полска, к... Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска изјави дека неговата земја ќе се бори да ја одбрани Полска, која е под закана од санкции од Европската Унија...
Парламентот на Филипини ја продолжи воената состој... Филипинскиот Парламент гласаше за продложување на воената состојба на јужниот остров Минданао до крајот на годината, со што претседателот Родриго Дуте...