„Мајкрософт“ се здружи со Бе-Ем-Ве за воведување Скајп во автомобилите

„Мајкрософт“ се здружи со Бе-Ем-Ве за воведување Скајп во автомобилите

„Мајкрософт“ и Бе-Ем-Ве го проширија своето партнерство за да овозможат користење на Скајп во автомобилите со АјДрајв систем на германската компанија.

Бе-Ем-Ве е еден од првите производители на автомобили кој овозможи користење на Офис 365 во своите возила, а најновата опција треба на бизнисмените да им овозможи да одржуваат Скајп состаноци преку новиот систем.

Системот ќе работи така што ќе активира нотификации за состаноци и на возачите ќе им овозможи да воспостават комуникација без потреба за рачно внесување на конференциски број. Бе-Ем-Ве ќе овозможи и подобра интеграција на календарот, контактите и листата на обврски.

Компанијата планира да овозможи Скајп за Бизнис опција во Франција, Германија и Велика Британија, а подоцна и во другите земји.

Бе-Ем-Ве претходно најави дека планира во своите автомобили да користи дигитален асистент на „Мајкрософт“ под името „Коратана“.

Поврзани вести

Легендата слави јубилеј: Три децении од моделот „Ф... Покрај „Порше 959“ моделот „Ферари Ф40“ беше и остана икона меѓу суперспортските автомобили од 80-тите и почетокот на 90-ти години на минатиот век. ...
Британија ќе забрани дизел и бензински возила од 2... Британската Влада најави дека од 2040 година на патиштата низ земјата ќе биде забранет сообраќајот за дизел и бензиски возила, како една од мерките за...
„Касперски” нуди бесплатен антивирус... Компанијата „Касперски лаб", чие седиште се наоѓа во Москва, на светот му ја понуди својата бесплатна верзија на антивурусната програма. Новиот про...
„Епл“ ќе го реши проблемот со лошата конекција на ... На милиони корисници на паметни уреди во светот еден од поголемите проблеми им е слабата конекција на интернет и непотребното спојување на мобилниот т...
Новиот „Сузуки Сфифт Спорт“ пристигнува на саемот ... Компанијата „Сузуки“ спортската верзија на новиот „Сфифт“ ќе ја претстави на 12 септември, на авто-салонот во Франкфурт. Јапонскиот производител, к...
„Мајкрософт“ ќе ја укине програмата „Пеинт“ по 32 ... Новата надградба на оперативниот систем на „Мајкрософт“, „Виндоус 10“, кој уште се нарекува „Отам“, ќе донесе многу нови опции, но и промени. По 32...