Неверојатно: Природата цвета на местото на тестирање на нуклеарните бомби

Неверојатно: Природата цвета на местото на тестирање на нуклеарните бомби

Атолот Бикини во Тихиот океан, каде САД спроведуваа нуклеарни тестови пред повеќе од 70 години, сега е богат екосистем, преполн во растителни и животински видови.

Научниците информираат дека на Бикини се развиваат корали големи колку автомобили, околу кои кружат целосно здрави ајкули и туни, па дури и ракови.

Истражувањето кое е спроведено за потребите на документарниот филм „Големиот Пацифик“ на мрежата на Пи-Би-Си, било фокусирано на проверка на претходните извештаи дека кратерите од хидрогенски бобми ги населуваат мутирани ајкули, на кои им недостасува втората грбна перка.

Стив Палумби, професор по биологија на Универзитетот Стенфорд со својот тим ги проучувал ефектите од радијацијата врз морскиот свет на Бикини, што што флората и фауната на овој микронезиски остров ја опиша како „неверојатна отпорна“.

Палумби вели дека рибите се размножувале затоа што никој не ги вознемирувал.

– На чуден начин тие се заштитени од историјата на ова место. Тоа е многу чудно, изјави тој.

На коралите како воопшто да не им пречи високата радијација, а научниците сега се обидуваат со помош на ДНК секвенцирање да утврдат како овие колонии опстојуваат и дури напредуваат.

Студијата би можела да има примена и во медицината.

– Ако дознаеме како коралите успеваат да живеат во кратерите полни со радијација, можеби ќе откриеме нешто за тоа како да ја заштитиме ДНК-та од мутација, рече Палумби.

Иако природата тука цвета, областа и натаму е опасна за луѓето, а според Обединетите нации, штетата е неповратна. Луѓето, кои ќе се изложат на таквата радијација се во голем ризик од канцер особено леукемија и карцином на штитната жлезда.

Поврзани вести

ВИДЕО: Австралиец сними појава на „црвени молњи“... Австралискиот астроном Дејвид Финли (44) на небото над Нов Јужен Велс сними појава на повеќе т.н. „црвени молњи“, што претставува навистина редок фено...
Германец појде на одмор во Хрватска со – тра... Ернст Ебелин (63), од околината на германскиот град Хановер тргнал на одмор на хрватското приморје со својот трактор, јавуваат локалните медиуми. З...
ВИДЕО: Делфини на туристите им го разубавеа крстар... Мајкл Бадер, германски државјанин кој живее и работи во Бар бил пред два дена на крстарење и успеал да сними неколку делфини. Видеото е снимено во ...
Вистински рај: Најубавите плажи во Тајланд... Тајланд е една од најомилените светски дестинации за годишен одмор, уживање и сонце и фантастични плажи. Оние кои ќе одлучат таму да го минат одморот,...
ВИДЕО: Единствено патување во галаксијата наскоро ... Американската компанија Волт Дизни Паркс енд Ресортс планира изградба на хотел „Стар варс“, во кој посетители ќе можат да уживаат во целосното доживув...
Цени на возењето со такси ширум светот... Сите сме биле во ситуација, во која за такси сме платиле малку повеќе. Сепак треба да се знае дека цените за такси од земја до земја драстично се разл...