Во Брисел средба Коѕиас-Нимиц

Во Брисел средба Коѕиас-Нимиц

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Брисел ќе се сретне со медијаторот Метју Нимиц.

– Целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија во почетокот на јули, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напредок во преговорите за спорот за името, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации.

Коѕиас во интервју пред неколку дена за грчката телевизија Антена не одговори на новинарско прашање кои се црвените линии на грчката Влада во спорот за името.

– Во понеделник ќе одам на преговори и би било голема грешка од моја страна да се произнесам на еден јавен настап неколку дена претходно, рече тогаш шефот на грчката дипломатија.

Инаку Коѕиас денеска во Брисел учествува на Советот за надворешни работи на Европската унија.

Поврзани вести

Тачи смета дека само мултиетничко Косово е гаранци... „Косово е на сите негови граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Ние сме држава за да ги промовираме правата на немнозинските заедници. По...
Членови на Рубикон влегоа во дворот на грчкиот Пар... Десетина членови на анархистичката група „Рубикон“ денеска го пробија обезбедувањето на зградата на грчкиот Парламент и влегоа во дворот на објектот. ...
Во Грција има повеќе од 62.000 бегалци и мигранти... Во Грција во моментов има повеќе од 62.000 бегалци и мигранти, додека вчера во земјата пристигнале уште 112 лица, јави дописникот на МИА од Атина. ...
Ерик Рубин: Договорот за добрососедство меѓу Макед... Потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија претставува позитивен чекор напред за Балканот, изјави денеска американскиот а...
Голем шумски пожар во реонот на Измир... Голем шумски пожар од синоќа беснее во реонот на градот Измир близу егејскиот брег на Турција, јави агенцијата Анадолија. Пожарот, кој избувнал во ...
Турски министер предлага намалување на порциите во... Новоназначениот турски министер за храна, земјоделство и сточарство Ахмет Ешреф Факбаба предлага намалување на порциите во луксузните хотели, со цел д...