Кај Омиш пламна голем пожар, се шири кон Сплит

Кај Омиш пламна голем пожар, се шири кон Сплит

Голем пожар избувна ноќеска по полноќ во местото Тугаре кај Омиш, и веднаш се прошири кон Срињине во правец на Сплит, поради што е прекинат сообраќајот на патниот правец Срињине-Ситно Доње, соопшти сплитската полиција.

Како што јави Фена, сплитските пожарникари пријавата за пожарот ја добиле 42 минути по полноќ.

Во гасењето на пожарот учествуваат сите доброволни противпожарни друштва од подрачјата на Сплит, Солин, Каштелите, Трогир и Омиш, со 32 возила и 109 пожарникари.

Запалена е борова и ниско стеблеста шума и трева. Иако е побарана помош од воздух, поради силниот ветар што со денови дува во овој регион, „канадерите“ се уште не можат да полетаат.

Нема информации за поврдени лица, ниту за материјална штета, а на местото на пожарот се наоѓа и екипа на Итната медицинска помош. Огнот е причина за исклучување на далеководите Закучац-Коњско и Закучац-Билице.

Половина час по овој, пожар избувна и во местото Богомоље на Хвар, каде гори густа борова шума. Овој пожар го гасат сите три доброволни противпожарни друштва од островот, а им помагаат и воздухопловните сили.

Поврзани вести

Тачи смета дека само мултиетничко Косово е гаранци... „Косово е на сите негови граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Ние сме држава за да ги промовираме правата на немнозинските заедници. По...
Членови на Рубикон влегоа во дворот на грчкиот Пар... Десетина членови на анархистичката група „Рубикон“ денеска го пробија обезбедувањето на зградата на грчкиот Парламент и влегоа во дворот на објектот. ...
Во Грција има повеќе од 62.000 бегалци и мигранти... Во Грција во моментов има повеќе од 62.000 бегалци и мигранти, додека вчера во земјата пристигнале уште 112 лица, јави дописникот на МИА од Атина. ...
Ерик Рубин: Договорот за добрососедство меѓу Макед... Потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија претставува позитивен чекор напред за Балканот, изјави денеска американскиот а...
Голем шумски пожар во реонот на Измир... Голем шумски пожар од синоќа беснее во реонот на градот Измир близу егејскиот брег на Турција, јави агенцијата Анадолија. Пожарот, кој избувнал во ...
Турски министер предлага намалување на порциите во... Новоназначениот турски министер за храна, земјоделство и сточарство Ахмет Ешреф Факбаба предлага намалување на порциите во луксузните хотели, со цел д...