Почина режисерот Џорџ Ромеро

Почина режисерот Џорџ Ромеро

Американскиот режисер Џорџ Ромеро, познат по неговите хорор филмови, почина на 77 годишна возраст.

Неговата сопруга соопшти дека Ромеро ја загуби својата „куса, но агресивна борба со ракот на белите дробови”.

Тој е автор на легендарниот серијал за т.н. зомби филмови, што започна со „Ноќта на живите мртовци” (1968). Важеше за „револуционер“ во областа на тој хорор жанр. Неговите зомбија беа повеќе од обични канибали, тие беа метафори на конформизмот, расизмот и класните разлики.

Првиот негов зомби филм се смета за своевидна критика кон расизмот во САД, бидејќи единствениот црномурест преживеан од борбата со „немртвите“ беше застрелан од спасувачите.

Самиот Ромеро во повеќе наврати велеше дека не би работел на хорор филмови, доколку ја немал можноста во нив да ги изразува своите политички погледи и пораки.

Поврзани вести

Принцот Џорџ го слави четвртиот роденден... Британскиот принц Џорџ денеска го слави четвртиот роденден, а Кенсингтонската палата по тој повод објави негова официјална фотографија. Во соопште...
Џастин Бибер доби забрана за настапи во Кина порад... Кинеските власти соопштија дека на канадскиот поп пејач Џастин Бибер нема да му биде дозволено да настапува во Кина, поради „неговото однесување на сц...
По 9 години, О Џеј Симпсон излегува од затвор... Поранешната ѕвезда во американски фудбал и глумец О-Џеј Симпсон ќе биде ослободен од затворот во Невада по девет години. - Ви благодарам, кратко ка...
Почина пејачот на Линкин парк, се самоубил со бесе... Честер Бенингтон, пејачот на популарниот бенд Линкинг Парк се самоубил вечерва на 41. година, соопштија американските медиуми. Според полицијата, п...
Во Црна Гора пристигнуваат Де Ниро, Робин Шарма и ... Црна Гора ќе биде домаќин на четвртиот Глобален граѓански форум на кој ќе присуствуваат повеќе светски лидери, членови на кралски семејства, филантроп...
Бен Афек: Најголем предизвик ми беше да се бакнам ... Режисерот Кевин Смит предизвика вистинска бура во јавноста, откако по едно прикажување на неговата комедија „Chasing Amy“, снимена пред 20 години, рас...