Реал без Роналдо доаѓа во Скопје

Реал без Роналдо доаѓа во Скопје

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, најверојатно, нема да биде во тимот на натпреварот од Супер Куп со Манчестер Јунајтед закажан за 8 август во Скопје, но треба да игра против Барселона во шпанскиот Супер Куп.

Португалскиот фудбалер се уште е на одмор, по долгата сезона и учество во Купот на Конфедерации во Русија, а според информациите објавени во шпанските медиуми, оваа недела ќе се врати во Мадрид и ќе биде подложен на медицински прегледи.

Роналдо потоа повторно ќе замине на одмор и на крајот на јули би требало да се приклучи на тренинзите на европскиот и шпански шампион.

Ова значи дека Роналдо ќе го пропушти натпреварот против Барселона на 30 јули во Меѓународниот Куп на шампиони, како и дуелот од Супер Купот во Скопје на 8 август, со Манчестер Јунајтед.

Се очекува дека 32-годишниот да биде подготвен за првиот натпревар на шпанскиот Суперкуп против Барселона на „Камп Ноу“, кој е закажан за 13 август. Реваншот е три дена подоцна во Мадрид.

Поврзани вести

Зума од Челзи на позајмица во Стоук... Францускиот интернационалец Курт Зума во наредната сезона ќе ќе игра за тимот на Стоук. Иако фудбалерот од добраната неодамна го продолжи договоро...
УЕФА го казни Хајдук за расистичко навивање на „то... Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) му изрече казна на сплитски Хајдук за расистичко навивање. Хрватскиот тим, кој се...
Пуштени во продажба билетите за дуелот Вардар R... Билетите за натпреварот од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони меѓу македонскиот првак Вардар и данскиот Копенхаген од денеска се пуштен...
Дуелите меѓу Олимпијакос-Партизан без гостински на... Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги извести екипите на Партизан и Олимпијакос дека нивните навивачи нема да смеат на присуствуваат на натпревраи...
Вардарци изразија благодарност до УЕФА што им дозв... Откако Европската фудбалска федерација (УЕФА) реши да го прифати барањето на македонскиот првак Вардар мечот од третото квалификациско коло за Лигата ...
Мексико против Јамајка во полуфиналето на Голд Куп... Репрезентациите на Мексико и Јамајка ја сочинуваат втората полуфинална дбојка на Голд Купот што се одржува во САД. Селекцијата на Мексико во место ...