Цело лето музичка забава со „Супер Скопје“

Цело лето музичка забава со „Супер Скопје“

Секој викенд во август и септември жителите и посетителите на Скопје ќе имаат можност да проследат голем број на концерти и други културно-уметнички настапи на повеќе локации по мотото „Супер Скопје“.

Ова денеска го соопштија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претставници на угостителските објекти во Скопје.

Трајановски, како што информираат од неговиот кабинет, посочи дека станува збор за проект за организирање на голем број на забавни настани во петок и сабота, на повеќе локации во Скопје.

– „Супер Скопје“ ќе започне на 7 август, со отворањето на 10. јубилејно издание на Пиволенд. Како една од музичките атракции кои ќе настапат на скопскиот Пиволенд сакам да го најавам белградскиот состав С.А.Р.С. кои ќе настапи на 12 август во сабота. На 8 август во Скопје ќе се одржи фудбалскиот УЕФА Супер куп, настан од исклучително голема важност за Скопје и во рамките на овој настан ќе се одржат голем број на забавни и музички настани. Потоа на 18 и 19 август забава ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и 2 септември на улица Македонија и на 8 и 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало, изјави Трајановски.

Програмата, посочи тој, е креирана во соработка и на предлог на сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, кои најдобро се запознаени со музичките вкусови на посетителите на локалите.

Трајановски, исто така, најави дека ќе поднесе и иницијатива за овој период работното време на угостителските објекти и локали да се продолжи за еден час.

Проектот „Супер Скопје“ се организира во соработка и на барање на угостителите кои предложија вакви настани со цел заживување на Скопје, пред се во летниот период. Градот Скопје има намера овој проект да стане традиционален и да се организира секоја година.

Поврзани вести

Зошто не може да биде пронајден гробот на Џингис К... Би-Би-Си - Лондон Ова е огромна земја со огромни легенди. Нема патишта, нема постојани градби, само бескрајно чисто небо, израсната сува трева и не...
Принцот Џорџ го слави четвртиот роденден... Британскиот принц Џорџ денеска го слави четвртиот роденден, а Кенсингтонската палата по тој повод објави негова официјална фотографија. Во соопште...
ФОТО: Модерна куќа на Бали На популарниот индонезиски туристички остров Бали е изградена модерната куќа „Клеј Хаус“, која се еден необичен детал се разликува од останатите совре...
Милано ја забрани употребата на селфи стиковите... Властите во Милано ја забранија употребата на селфи стикови, лименки и стаклени шишиња,како и камиони со храна во обидите за построги казни и воведува...
Мајки пуштете ги татковците да беснеат со децата!... Во развојот на децата, според најновите истражувања, татковците во некои сегменти имаат поголемо влијание, отколку мајките. Влијанието врз кариерат...
ФОТО: Слушалки во форма на мачкини уши... „Cat Ear Headphones“ се идеални слушалки за љубителите на музиката. Опремени се со ЛЕД светла, па така секогаш можете да ја прилагодите бојата...