Филувани плочки од компири

Филувани плочки од компири

Малку поинаку подготвени печени компири …

Потребно е:
400-500 гр компири
масло
мелен сув зачин
50 гр сланина
2 млади кромидчиња
50 гр сирење
50 гр изрендан трапист кашкавал
1 јајце
1 лажица сецкан свеж магдонос

Подготовка:
– Компирите излупете ги и исечете ги на плочки со дебелина околу 6-7 мм. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење, испрскајте ги со масло и зачинете со мелен сув зачин. Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 25 минути.

– Додека се печат компирите подгответе го филот. Во еден сад ставете ги исецканата на коцки сланина, сецканиот млад кромид, сирењето, ренданиот кашкавал, магдоносот и изматеното јајце. Измешајте убаво.

– Извадете ги компирите од рерна и превртете ги од другата страна.

– Распоредете го филот на компирите и повторно вратете ги во рерна да се допечат уште 15-тина минути.

– Послужете ги топли.

Поврзани вести

Плазма десерт во чаша Рецепт за еден супер вкусен десерт ... Потребно е: за филот од јаболки: 3 средно големи јаболки 50 гр путер 50 гр кафеав шеќер 1 стапче цимет ...
Тиквички полнети со печурки и булгур... Едноставно и многу вкусно ... Потребно е: 2 поголеми тиквички 4 лажици булгур 1 главица кромид 2 чешниња лук 200 гр шампињони 30 гр сув вргањ...
Салата од моркови Свежи, крцкави моркови зачинети со лута пиперка и лук ... Потребно е: 400 гр моркови 1 печена лута пиперка 3-4 чешниња лук 1/2 лажиче сол 3 ла...
Плескавици од пилешко месо и тиквички... Потребно е: 1 средна тиквичка изрендана кора од 1/2 лимон 1 јајце 1/2 лажиче сол 1/4 лажиче бибер 1/2 кг мелено пилешко или мисиркино месо 1/4 ...
Зеленчукова супа Бистрата супа е одлично предјадење и особено важна за внесување на потребните хранливи состојки, како и за детоксикација на човековиот организам. П...
Ролат од месо во тесто Потребно е: 1 земичка леб 150 мл млеко бибер 100 гр кромид, ситно сецкан 1 лажица мелен сув зачин 1 пакување смрзнато лиснато тесто (500 гр) 30...