Одредено количество на кафе го продолжува животниот век

Одредено количество на кафе го продолжува животниот век

Пиењето три филџани кафе дневно може позитивно да влијае на долговечноста, се тврди во британска студија изработена врз основа на истражување направено со половина милион Европејци.

Студијата на научници од Меѓународната агенција за истражување на рак при Колеџот „Империјал“ во Лондон, покажа дека дополнителен филџан кафе може да го продолжи животниот век, дури и ако е во прашање кафе без кофеин.

Меѓутоа, самите експерти се скептични и истакнуваат дека е невозможно со сигурност да се каже дали кафето има заштитен ефект на начинот на животот на тие кои пијат кафе. Тие велат дека за сега не е потребно да се пие дополнителен филџан кафе.

Тоа што го покажа нивното истражување е дека постои поврзаност на пиењето повеќе кафе и намалениот ризик од смрт, посебно кај болести на срцето и стомакот. Овој заклучок го извеле анализирајќи податоци на здрави луѓе постари од 35 години од 10 европски земји.

Испитаниците на почетокот на студијата одговарале на тоа колку кафе пијат секојдневно, а потоа бил следен нивниот начин и должина на животот.

Професорот Дејвид Шпигелхалтер од Кембриџ вели дека, ако навистина кафето го продолжува животниот век, тоа би значело дека дополнителен филџан кафе секој ден во просек додава три месеци живот на мажите и околу месец дена на жените. Меѓутоа, тој се оградува додека студијата не биде потврдена со некои други појасни фактори.

Можеби лицата кои пијат три кафиња дневно повеќе се социјализираат, па тоа ја подобрува нивната целосна состојба. Меѓутоа, од друга страна, истражувачите откриле дека жените кои пиеле поголемо количество на кафе имале поголема стапка на рак на јајници. Инаку, студијата ги исклучила болните од дијабетес, од срцеви болести или шлог.

Тогаш, дали кафето е добро за нас? Претходните студии даваа контрадикторни резултати. Кофеинот влијае различно и на здравите луѓе, иако повеќето велат дека тоа ги прави будни. Иако не постои ограничување за внес на кафе, британските научници велат дека бремените жени не треба да внесуваат повеќе од 200 милиграми кофеин дневно, а и постојат случаи во САД кога лица починале од внес на преголема доза на кофеин за кусо време.

Поврзани вести

Хипохондриците живеат подолго... За хипохондриците најчесто се вели дека нивната непотребна грижа за здравјето „ќе ги однесе в гроб”, но една нова студија покажува тие всушност живеат...
Едноставен психолошки трик: Сузбијте го бесот кај ... Децата, еден миг се смеат и си играат, а веќе следниот плачат и беснеат. Причината не е важна, тоа е едноставно така. И што и да кажете главата ќе ве ...
Постојаното учење, здравата храна и дружењето ја с... Постојаното учење, здравата исхрана, непушењето, добриот слухот и дружењето со други лица можат за една третина да го намалат бројот на случаи на деме...
Бебињата најдобро знаат кога се гладни... Мајките и татковците настојуваат децата да ги ранат според одредена шема, но постои струја лекари кои велат дека тоа е непотребно и често пати стресно...
Абецеда на малите сипаници – вакцината е неопходна... Гласот на Америка - Вашингтон Над 75 лица, повеќето мали деца, добиле мали сипаници во американската држава Минесота. Речиси сите биле невакциниран...
Трансплантацијата на матката го покренува прашањет... Кликс - Сараево Во Шведска неодамна е објавено дека од 2014 година до денес се родени шест здрави деца кои на свет дошле по зачнување и бременост в...