НУТ-Ц – лустери креирани од уникатни материјали

НУТ-Ц –  лустери креирани од уникатни материјали

Секојдневно се среќаваме со иновативни и освежувачки дизајнирани елементи од домаќинството, а НУТ-Ц лустерите не претставуваат никаков исклучок.

НУТ-Ц лустерите доаѓаат во најновата колекција на осветлување и поседуваат дизајн кој потсетува на шишиња, а креиран е со уникатно вклопување на материјал целосно неконвенционален кога се работи за креирање на осветлување.

Модерните дизајнери можат да бидат инспирирани од што било во тек на нивните креации. Дизајнерот Јулија Кононенко претстави колекција од многу убави уреди за осветлување НУТ-Ц. Дали таа во текот на нивното креирање била инспирирана од шишиња или не, тоа не го знаеме, но овие лустери дефинитивно личат на нив.

Вакви лампи можат совршено да се вклопат во било кој модерен простор и дефинитивно оставаат силен впечаток и можат многу лесно да ги акцентираат високите плафони со својот необичен дизајн.

НУТ-Ц лустерите се креирани од метал, дрво и кожа, а доаѓаат како идеални варијанти за помали површини.

Поврзани вести

ФОТО: Модерна куќа на Бали На популарниот индонезиски туристички остров Бали е изградена модерната куќа „Клеј Хаус“, која се еден необичен детал се разликува од останатите совре...
ФОТО: Слушалки во форма на мачкини уши... „Cat Ear Headphones“ се идеални слушалки за љубителите на музиката. Опремени се со ЛЕД светла, па така секогаш можете да ја прилагодите бојата...
ФОТО: Најелегантната маса за играње фудбалче... Дизајнерот Ален Џајлс креираше модерна маса за играње фудбалче. „Пјур Аутдор“ претставува врвен минималистички дизајн што ќе ви овозможи многу...
ФОТО: Необична мала куќа во Јапонија... Во јапонскиот главен град Токио е изградена резиденцијата „Камиума Хаус“, која се карактеризира со минималистички стил и триаголна геометрија. ...
Француските пратеници ќе можат да ги остават косту... Бирото на француското Национално собрание официјално одобри пратениците да можат да присуствуваат на собраниските седници без да носат костуми и врато...
ФОТО: Модерна архитектура акцентирана со зеленило... Вилата „Пејгер“ се карактеризира со силен геометриски профил со истакнати агли и рабови и цилиндрична централна кула. Белите ѕидови на куќата ...