Косовската ЦИК ги соопшти конечните резултати од парламентарните избори

Косовската ЦИК ги соопшти конечните резултати од парламентарните избори

Централната изборна комисија на Косово синоќа ги соопшти официјалните резултати од парламентарните избори, одржани на 11 јуни.

Според бројот на освоени гласови прва е коалицијата ПАН со 39 пратенички мандати, второ е Движењето „Самоопределување“ со 32 и трета е коалицијата ЛАА (Демократскиот сојуз, Алијасата за Ново Косово и Алтернатива) со 29 пратеници.

По десет пратеници, кои се загарантирани имаат Србите и партите на немнозинските етнички заедници.

Сега најпрво треба да се конституира Парламентот во рок од 30 денови од денот на соопштувањето на конечните резултати, што значи до 8 август, а потоа ќе почне процедурата за формирање Влада.

На овој начин на коалцијата ПАН ( Демократската партија-Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово) и се отвора патот за формирање на новата влада, откако претседателот Хашим Тачи ќе и го додели мандатот.

Според коалицискиот договор, мантадар ќе биде Рамуш Харадинај, лидерот на Алијасата за иднината на Косово, кој во рок од 15 денови од добивањето на мандатот треба да ја формира владата.

Движењето „Самоопределување“ најави дека доколку ПАН „потфрли“, тогаш „новата влада ќе ја формира Албин Курти, заедно со други партии“.

Владата се избира со мнозинство гласови, односно 61 од вкупно 120 члениот парламент, што значи дека Харадинај треба да обезбеди уште 21 пратенички глас.

Доколку Владата не биде изгласана, Тачи, според косовскиот Устав, во рок од десет дена, треба да му го додели мандатот на друг политички субјект.

Ако Влада не биде изгласана и по втор пат, тогаш шефот на државата распишува нови избори, кои треба да се одржат најдоцна четириесет денови од денот на објавувањето.

Со првата, конституивна седница, на парламентот раководат највозрасниот и најмладиот пратеник.

Имено, според ЦИК, од вкупниот број запишани гласачи на единствениот избирачки список (над 1,8 милиони) правото на глас го искористиле над 747 илјади или 41,3 отсто, што е најнизок процент до сега.

Поврзани вести

Во Турција приведени дваесет лица осомничени за по... Дваесет лица, меѓу кои и жени, се приведени денеска во операција во Конја и уште шест окрузи на Турција против лица, осомничени за врски со организаци...
Грчката Влада одобри 180.000 евра помош за Китира... Грчката Влада соопшти дека доделува 180.000 евра итна помош за островот Китира, кој месецов беше зафатен со разурнувачки шумски пожар. Помошта ја о...
Остра порака на грчкиот претседател кон Анкара... Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос упати остра порака кон Турција во врска со изјавата дадена вчера од нејзиниот шеф на дипломатија Мевљут Чавушо...
Наредба за апсење на 70 поранешни службеници во Ми... Турските власти издадоа наредба за апсење на 70 поранешни вработени во Министерството за финансии поради осомниченост за врски со обидот за преврат од...
Грчката Влада објави мерки за санирање на штетите ... Владата во Атина објави мерки за надминување на загубите од катастрофалните пожари во земјата, јавија грчки медиуми. Мерките, усвоени на седница на...
Вучиќ треба да се сретне со Доналд Трамп до крајот... Претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп до крајот на годината, пишува српскиот весник „Б...