МОН: Обелоденената е лажната понуда на дисперзирани студии на УКИМ

МОН: Обелоденената е лажната понуда на дисперзирани студии на УКИМ

Лажниот популизам и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ излезе на виделина, затоа тие панично реагираат на обелоденувањето на нивната лажна понуда на дисперзирани студии на УКИМ, се вели во реакцијата на Министерството за образование и наука на денешната прес-конференција на Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Бројките, како што се наведува, покажуваат дека изминативе години и не се реализирале дисперзирани студии на УКИМ. Според МОН, биле распишувани конкурси за упис од Владата, на кои или никој не се пријавувал или малкумината средношколци кои се пријавувале не добивале шанса да студираат на дисперзираните студии заради неможноста да се формира група и биле префрлани на матичните факултети.

МОН информира дека на Технолошко–металуршкиот факултет во Скопје во последните три учебни години (2014/2015, 2015/2016 и 2016/2017) и покрај тоа што постоеле дисперзирани студии немало пријавено кандидати. Иста била ситуацијата, се наведува, и со Земјоделскиот факултет од Скопје.

– На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје за учебната 2014/2015 година се пријавиле 17 кандидати за дисперзираните студии во Тетово, а за учебната 2015/2016 година се пријавиле тројца кандидати за дисперзираните студии во Тетово од кои еден се запишал. За учебната 2016/2017 година се пријавиле 6 кандидати за дисперзираните студии во Тетово. Во ниедна од овие години не се одвивала настава на дисперзирани студии бидејќи бројот на пријавени не бил доволен за формирање група студенти, па студентите биле запишани на студии во Скопје, соопшти МОН.

На Економскиот факултет во Скопје за учебната 2014/2015 година ниеден студент не се пријавил на дисперзираните студии во Тетово, а 16 студенти се пријавиле на дисперзираните студии во Велес. За учебната 2015/2016 година 6 студенти се запишале на дисперзираните студии во Тетово, а 13 се запишале на дисперзираните студии во Велес, додека за учебната 2016/2017 година 10 студенти се запишале на дисперзираните студии во Тетово, а 9 студенти се запишале на дисперзираните студии во Велес. И на овој факултет во ниедна од овие студиски години не се одвивала настава на дисперзирани студии бидејќи, како што се наведува, бројот на пријавени не бил доволен за формирање група студенти, па студентите биле запишани на студии во Скопје.

На Машинскиот факултет од Скопје за учебната 2014/2015 година еден студент се запишал на дисперзираните студии во Струга, а двајца студенти се запишале на дисперзираните студии во Кавадарци. За учебната 2015/2016 година ниеден студент не се запишал на дисперзираните студии во Струга, тројца студенти се пријавиле на дисперзираните студии во Кавадарци, со тоа што, како што се наведува, едниот од нив имал некомплетна документација, а останатите двајца воопшто не дошле да ги поднесат документите за упис. За учебната 2016/2017 година ниеден студент не се запишал на дисперзираните студии во Струга и во Кавадарци и со тоа ни на овој факултет немало настава на дисперзирани студии.

– Тоа само по себе е потврда за лажната паника која ВМРО-ДПМНЕ ја шири, но и доказ за фиктивните проекти кои ги воведуваше. Новата Влада нема да ги лаже студентите како претходната. Нема да распишува фиктивни конкурси за упис на студии кои нема да се реализираат. Затоа оваа година ќе има конкурс само за упис на дисперзираните студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и „Гоце Делчев“ од Штип за кои студентите досега покажуваа интерес, соопшти Министерството за образование и наука.

Поврзани вести

Утре ќе биде претежно сочево и топло, температури ... Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8. Утринската ...
(ВИДЕО) Богојески: Никола Груевски како лидер на В... Иницијаторот за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески побара заминување на Никола Груевски од лидерската позиција зошто неговото останување ќе значи ...
Жерновски: Разрешен е Марко Зврлевски, најголемиот... Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски го коментира денешното разрешување на Марко Зврлевски за кој вели дека е  најголемиот заштитник на ...
Работна посета на Министерот за надворешни работи ... По посетите на Данска и Шведска, денеска Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров престојуваше во работна посета на Хе...
Судскиот совет одзеде имунитет на судии обвинети в... Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за одземање на имунитетот на петмината судии од Управниот суд обвинети во „Т...
(ВИДЕО) Движење БЕСА: Ако не се обелоденат монтира... Реформите во органите на правдата се уште не се отпочнати, единствениот чекор е иницијативата за разрешување на Јавниот Обвинител, Марко Зврлевски, из...