Реакција на АД ЕЛЕМ на прес-конференцијата на Ковачевски

Реакција на АД ЕЛЕМ на прес-конференцијата на Ковачевски

АД ЕЛЕМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Васко Ковачевски од СДСМ.

„СДСМ продолжува да шири лаги и дефетизам. Во повеќе наврати во минатото, АД ЕЛЕМ успеваше да ги демантира лагите и ширењето дефетизам со успешното работење на компанијата. Во текот на мината зима СДСМ ширеше црни сценарија и посакуваше електро енергетска катастрофа. Но и покрај вонредните околности, АД ЕЛЕМ се справи со сите предизвици и не само што обезбеди стабилен енергетски систем во текот на една од најсуровите зими, туку обезбеди и отворени граници на електро енергетскиот систем, што не беше случај со некои соседни систем оператори.

Граѓаните на на РМ и вработените на АД ЕЛЕМ се сериозно загрижени од непознавањето на материјата од страна на СДСМ. Ковачевски очигледно повторно не е информиран. Доколку дојде во РЕК Битола ќе се увери дека ископот се одвива непрекинато.

За правилно информирање на јавноста, должни сме да известиме дека се работи за рутински зафат на транспортерот, односно замена на механички делови, зафат кој нема да трае повеќе од 3 дена. Транспортерот очекуваме да биде целосно функционален во текот на утрешниот ден, најдоцна во среда наутро. Блокот 2 кој несреќно се најде во соопштението на Ковачевски е во ремонт согласно однапред утврдената динамика на работата на компанијата. Нагласуваме дека овие зафати нема да го нарушат процесот на производство на електрична енергија.

АД ЕЛЕМ како и секогаш продолжува во целост од сопствено производство да обезбедува електрична енергија за тарифните потрошувачи на РМ .

Како потврда за успешното работење на компанијата, сакаме да информираме дека АД ЕЛЕМ нема долгови кон вработените и добавувачите, има депозит од преку 20 милиони евра во комерцијалните банки како и тековна ликвидност од преку100 милиони денари. Сите развојни проектина компанијата кои значат нејзина поголема додадена вредност се завршени или пред завршување“ се вели во демантот на ЕЛЕМ.

Поврзани вести

Честитка од министерката Шекеринска по повод Рамаз... Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати честитка до граѓаните во Република Македонија од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајр...
Иванов упати честитка по повод Рамазан Бајрам... Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник Рамазан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската ...
Препораки до граѓаните за заштита од високите темп... Институтот за Јавно Здравје на Македонија апелира до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури поради тоа што зе...
Состојба на патиштата Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поста...
Хан и Прибе утре во Скопје на средби за Итните реф... Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан утре ќе престојува во Македонија на разговори околу плановите за ре...
На граничните премини задржувања од околу 30-тина ... На граничните премини од утрово нема задржувања подолги од 30-тина минути за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќајот н...