#ЗдравоТаравари, линија за директна комуникација со министерот за здравство

#ЗдравоТаравари, линија за директна комуникација со министерот за здравство

Министерството за здравство воведе нова телефонска линија за директна комуникација на граѓаните со министерот за здравство, д-р Арбен Таравари преку мобилните апликации Viber и Whatsapp.

Почнувајќи од денес, функционира телефонската линија 071/349-999 на која граѓаните преку електронска порака може да се обратат до министерот со каква било идеја, со предлог, со пофалба, или пак за одредени неправилности, обиди за корупција и нерегуларности со кои се соочиле во функционирањето на здравствениот систем.

– Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем, и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство, изјави министерот Таравари.

Како што е споменато погоре, комуникацијата со министерот Таравари ќе се одвива единствено со електронски пораки преку Viber и Whatsapp, кои може да ги испрати секој граѓанин на телефонскиот број 071/349-999.

Поврзани вести

Посебен сообраќаен режим за натпреварот Вардар ... Посебен сообраќаен режим најавува СВР за вечерашниот натпревар Вардар - Фрнербахче што ќе се одигра на националната арена „Филип Втори Македонски” од ...
Во Скопје 11 сообраќајки за 24 часа... Вкупно 11 сообраќајни незгоди се случиле изминатите 24 часа во Скопје. Од нив четири со последица материјална штета, а седум со телесни повреди во кои...
Шпанскиот мајстор на гитара Игнасио Родес вечер на... Вљубениците во звукот на класичната гитара вечер во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во уметничкиот израз...
Земи кредит без камата – проверивме и навистина е ... Кога парите се во прашање - се мора да биде јасно. Без никакви изненадувања. Каматата и останатите трошоци за кредитот можат да направат огромна ра...
Почнува пријавувањето за упис на УКИМ... На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е пријавувањето за упис во прва година во академската 2017/2018 година. Според Конкур...
Музејска изложба „25 години Армија на Република Ма... Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе ја отвори музејската изложба „25 години Армија на Република Македонија“ по повод 18 август - Ден...