Средба на Заев со претседателот на ДПА, Тачи: Конструктивна поддршка на реформските процеси

Средба на Заев со претседателот на ДПА, Тачи: Конструктивна поддршка на реформските процеси

Премиерот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), господинот Мендух Тачи.

Тргнувајќи од интересите на сите граѓани заеднички е потенцирано значењето на реформите и геостратешката потреба на Република Македонија да се приклучи како полноправна членка во НАТО алијансата и земјава да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ја покани ДПА да се вклучи во процесот на реформите со вградување на своите ставови во процесите коишто следуваат.

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се согласија дека се што е интерес на граѓаните на Република Македонија заслужува поддршка од опозициската партија.

Во таа насока претседателот на ДПА, Мендух Тачи, најави дека партијата ќе биде конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржува интересите на граѓаните и реформските процеси коишто значат придвиживање во евро-атланските интеграции, но во исто време ќе биде гласна во своите ставови и критики на политиките за коишто партијата ќе смета дека не се спроведуваат соодветно.

Поврзани вести

Честитка од министерката Шекеринска по повод Рамаз... Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати честитка до граѓаните во Република Македонија од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајр...
Иванов упати честитка по повод Рамазан Бајрам... Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник Рамазан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската ...
Препораки до граѓаните за заштита од високите темп... Институтот за Јавно Здравје на Македонија апелира до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури поради тоа што зе...
Состојба на патиштата Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поста...
Хан и Прибе утре во Скопје на средби за Итните реф... Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан утре ќе престојува во Македонија на разговори околу плановите за ре...
На граничните премини задржувања од околу 30-тина ... На граничните премини од утрово нема задржувања подолги од 30-тина минути за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќајот н...