Во Велес почнаа со работа деветтите „Етно работилници“

Во Велес почнаа со работа деветтите „Етно работилници“

Во спомен-куќите на Васил Главинов, Кочо Рацин, Јордан Хаџи Константинов – Џинот и во куќата на Касапови во стариот дел на Велес денеска почнаа со работа деветтите „Етно работилници“.

Организатори се општина Велес и Советот на млади во соработка со Здружението на граѓани „Разбој“ од Велес.

Во спомен-куќата на Васил Главинов се одржува столарска работилница, а во куќата на Рацин младите го учат грнчарскиот занает. Во спомен-куќата на Џинот е сместена работилницата за изработка на накит, додека во куќата на Касапови е ткајачката работилница.

Во рамки на „Етно работилниците“ во куќата на Касапови втора година се одржува „Школа за млади копаничари“, а со работилниците раководат искусни мајстори од градот.

Гоце Станчев од Здружението на граѓани „Разбој“ од Велес информира дека во етно работилниците се вклучени шеесетина основци од велешките училишта.

– Целта на работилниците е да се оживеат старите занаети по кои Велес во минатото бил препознатлив, а денеска за жал тие се пред изумирање. Со пренесување на занаетите кај младите очекуваме дека ќе ги заинтересираме да ги продолжат старите занаети, потенцира Станчев.

„Етно работилниците“ ќе траат до 27 јуни, кога во Куќата на Касапови ќе биде организирана заедничка етно изложба на која ќе бидат претставени изработените предмети од учесниците, а организаторите на учесниците ќе им врачат и дипломи.

Поврзани вести

Повик за учество на ликовни уметници на групна изл... До први септември е отворен повикот на Здружението за култура „Транзен“ за учество на ликовни уметници на групната изложба „Несовршен простор“ на која...
Од 19 до 25 август осмиот „МакеДокс“... Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 19 до 25 август 2017 година во, и на платото пред, Куршумли-ан в...
Кумановската библиотека го збогати книжниот фонд с... Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ набави нови лектири за потребите на основците и средношколците во Куманово, информираше денеска директорот ...
Дарко Лешоски се повлече од Струшките вечери на по... Дарко Лешоски се откажа од позицијата претседател на УО на Струшките вечери на поезијата, откако неговото назначување на таа позиција предизвика лавин...
Атанасов: СДСМ го партизира и депрофесионализира „... Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите запраша кој е квалитетот на Стојанче Павловски за да биде поставен за прв човек на „Тан...
Влатко Стефановски и Камерниот оркестар на Битола ... На фестивалот „Охридско лето“, на големата сцена „Долни Сарај“ вечер концерт ќе имаат Камерниот оркестар на Битола и нашиот најпознат гитарист Влатко ...