Хуманитарна забава за скопската Зоолошка градина во клубот „Сектор 909“

Хуманитарна забава за скопската Зоолошка градина во клубот „Сектор 909“

Летниот ноќен клуб „Сектор 909“ по две години пауза, в среда, на 21 јуни, повторно ќе ги отвори вратите за својата публика, што е трето летно отворање на клубот, кој се наоѓа на старата локација под скопското Кале.

Согласно традицијата, оваа ноќна забава ќе има хуманитарен карактер, како и претходните отворања. Имено, собраните средства од хуманитарната забава ќе бидат наменети за скопската Зоолошка градина.

Во 2012 година клубот на Зоолошката и го донираше пони коњчето Флекица, дресирано пред се, за помош на деца со аутизам, но кое исто така можат да го јаваат и сите деца што ќе посакаат. Веќе следната година клубот успеа да собере средства за комплетна опрема за ваков вид деттска рекреација.

На хуманитарната забава в среда ќе настапат македонските артисти Гоце САФ, Соња Исмаил, Дарко Марковски и групата „Кантон 6“. Влезот чини 150 денари.

Во четврток ќе се одржи забава со Ди-Џеј Чваре и Нонадаз. В петок ќе настапат Маци и Узун Баба, а веќе во сабота ќе настапи и првиот гостин од странство за оваа летна сезона, Такаси Накаџима од Јапонија.

Поврзани вести

Како да знаеме дека сме ја сретнале сродната душа?... Сродна душа - идејата за некој близок, кој го чувствуваме како дел од себе, со кого го споделуваме животот и со кого ги надминуваме сите пречки, е меѓ...
Тајгер Вудс бил истовремено под дејство на пет вид... Легендарниот голфер Тајгер Вудс имал пет различни видови дрога во организмот, кога во мај бил уапсен под сомнение дека возел пијан, потврди токсиколош...
Уругвај продава нацистички орел вреден 50 милиони ... Бронзана статуа на нацистички орел со висина од 2,74 сантиметри, ќе биде понудена на аукција во Уругвај, а се очекува да постигне цена од 50 милиони д...
ВИДЕО: Во Кина се роди животно, досега невидено ни... Во Кина се роди свиња-мутант, со две тела и осум нозе, но почина неколку минути по раѓањето. Сопственикот на мајката - свиња, фармерот Гао Бајц...
Како да направите тинејџерот да не скршне од патот... Младите се склони кон пороци, бидејќи супстанците во опијатите им олеснуваат да се изборат со стресот. Родителите можат да им помогнат, доколку ги ...
Кејти Пери и Орландо Блум повторно заедно?... Пејачката Кејти Пери и актерот Орландо Блум беа во врска 10 месеци, која заврши на почетокот на оваа година. Меѓутоа, изминатиов викенд тие биле ви...