Црна Гора врати 40 тони овошје и зеленчук поради пестициди

Црна Гора врати 40 тони овошје и зеленчук поради пестициди

Од гранични премини во Црна Гора од седми јуни до денеска вратени се 40 тони овошје и зеленчук поради присуство на поголемо количество пестициди од дозволеното.

Управата за безбедност на храната и фитосанитарни работи соопшти дека спречила 12 небезбедни пратки на разни видови храна – зеленчук, овошје, храна за деца, храна за животни, сокови, зачини да се најдат на црногорскиот пазар.

Дел од црногорските медиуми објавија дека вратени се над 40 тони лимони, лубеници, праски и пиперки во кои е утврдено поголемо присуство на пестициди од дозволеното.

Концентрацијата на пестициди во лимоните била дури 16 пати поголема од дозволеното, во пиперките – девет, а во лубениците двојно повеќе.

Државите од каде се испратени камионите со производите полни со пестициди се известени во согласност со принципите на меѓународната трговија.

Поврзани вести

Војската на Црна Гора планира да набави нова техни... Војската на Црна Гора наскоро би можела да биде засилена со три хеликоптери, радар и оклопни возила, јавува подгорички „Вијести". Парите за тоа би ...
Двајца загинати во хеликоптерска несреќа во Грција... Грчките власти соопштија денеска дека на подрачјето северно од Атина, се урнал мал цивилен хеликоптер, при што животот го загубија две лица, а третото...
Извозот од Турција во Катар зголемен трипати... Извозот од Турција во Катар, во вкупна вредност од 29 милиони евра, сега е трипати поголем од вообичаеното ниво, откако четири арапски држави ги преки...
Вучиќ очекува голем број странски претставници на ... Претседателот на Србија, Александар Вучиќ очекува голем број странски државници да присуствуваат на денешната инагурација. На церемонијата предвиде...
Повратниците од боиштата од Сирија закана за безбе... Косовските повратници од боиштата во Сирија и Ирак, може да бидат сериозен безбедносен предизвик, иако се уште се на изджување на затворска казна. ...
Рама уште од сега на мака, коалиција со него не са... Албанскиот премиер и лидер на Социјалстичката партија категорично ја отфрли можноста за коалиција со досегашниот владин партнер Движењето за социјалис...