Комисијата за економски прашања го разгледува Извештајот на РКЕ за 2017

Комисијата за економски прашања го разгледува Извештајот на РКЕ за 2017

Собраниската Комисија за економски прашања на денешната Прва седница го започна разгледувањето на Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 2016 година, за кој членовите од владејачките партии порачаа дека е неприфатлив заедно со Предлог финасискиот план за 2017 година, бидејќи, како што рекоа, РКЕ наместо да ги штити интересите на потрошувачите работела како продолжена рака на поранешната власт и во корист на компаниите блиски на неа.

Во Извештајот, како што рече, претседателот на РКЕ Димитар Петров, има детални информации за финасиското работење на РКЕ, како и извештај за работата на Комисијата на домашно и меѓународно ниво.

– Во 2016 година 70,77 отстоод потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 29,23 отсто е од увоз, а 47 отсто од пазарот на електрична енергија е целосно либерализиран. Кај гасот има целосна либерализација а преку гасоводот вкупно се пренесени преку 215 милиони метри кибни гас. Од нив 87 проценти се потрошени за производство натоплинска енергија, рече Петров.

Нагласи дека во 2016 година РКЕ одржа 116 главни и 67 подготвителни седници,

Кај течните горива, додаде, најгиолем увозник и извозник е ОКТА која покрива 75 отстоод увозот нанафтени деривати и 86,97 отстоод извозот, по што следи Лукоил. Вкупно во 2016 година се увезени нешто над еден милион тони нафтени деривати од кои 64 отсто отпаѓаат на дизел горивата, а 11,67 отѕсто на бензините.

Членот на Комисијата за економски прашања Томислав Тунтев од СДСМ посочи дека презентираниот Извештај на РКЕ покажува како нетреба да изгледа извештај бидејќи епродолжение на погрешните политики на поранешната власт.

– РКЕ не било, ниту е независно, но ќе биде. Немам впечаток дека ја одигра улогата што мораше да ја одигра, туку стана алатка со која поранешната власт се обидуваше да си ја наврати водата на својата воденица. РКЕ дозволуваше напумпани цени на електричната енергија и нафтените деривати што ги плаќаа крајните потрошувачи, рече Тунтев ипредложи да не се прифати Извештајот на РКЕ како и Финасискиот план за 2017 година.

Тој имаше и замерки за наплатата на паушални сметки за исклучените од системот за централно греење во Скопје, како и на одредбата РКЕ да биденадлежна за формирање нацената на водата за пиење во општините во Македонија. Побара да им се даде право на луѓето да можат да изберат на што ќе се греат и додаде дека е нелогично да се плаќа услуга што не се добива.

Неговиот сопартиец Васко Ковачевски истакна дека РКЕ наместо да работи за заштита на правата на потрошувачите носеше несоодветни одлуки во корист на власта и компаниите поврзани со неа.

– Навидум извештајот е добро скоцкан и изготвен по сите нормативни, но тоа нам не ни значи ништо зашто РКЕ дозволи потрошувачите даплаќаат повеќеод она што требаше да го платат особено со цената на струјата, рече Ковачевски.

Повбара предпратениците да се презентираат сите трошоци што РКЕ ги вклучува во методологијата за утврдување нацената и наглси дека РКЕ работи како партиско и семејно регулаторно тело што прави голема штета врз буџетот награѓаните.

Како особено неповолно го оцени изборот на поранешниот генерален директор на АДЕЛЕМ Дејан Бошковски за член на РКЕ со што, како што рече, се прекршени сите процедури и законски норми.

– Со изборот на членови како Бошковски овој Извештај не е важен и валиден за нас, потенцира Ковачевски.

По неговото излагање претседателот на Комисијата Горан Милевски од ЛДП даде пауза по што се очекува да продолжи разгедувањетона извештајот.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Каде отидоа парите од девизните резерв... „Каде отидоа парите од девизните резерви? Ова прашање тежи над 126 милиони евра. СДС ја третира државната каса како бунар без дно! Пари...
Трамп: Амазон им прави голема штета на продавачите... Американскиот претседател Доналд Трамп повторно денеска го нападна гигантот во електронската трговија Амазон, чиј сопственик Џеф Безос го поседува и в...
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо законските 5 отсто, СДСМ плани... Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што рече дека СДСМ го укинува најавеното и планираното покачување на пензиите...
Делев: Владата на СДСМ секој ден ја задолжува држа... Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека Владата на СДСМ безмислосно ја туркала државата во долгови. - Македонската ј...
Американците со рекордно ниво на задолженост од 12... Задолженоста на Американците во вториот квартал од годината се искачи на рекордно ниво од речиси 12.500 милијарди долари благодарение на умерениот рас...
СДСМ: Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ нема да го сокри... „Преку одговорното и транспарененто работење, Владата предводена од СДСМ го исплати долгот кон Дојче Банка во висина од 77,3 милиони евра, а јавниот д...