Заврши 14-дневниот рок на Катарците за напуштање на арапските земји

Заврши 14-дневниот рок на Катарците за напуштање на арапските земји

На Катарците кои требаше да ги напуштат соседните земји од Персискиот залив денеска им заврши 14-дневниот рок.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа односите со Катар на 5 јуни, повикувајќи ги неговите граѓани да ги напуштат нивните територии за две недели. Подоцна беше соопштено дека ќе бидат направени исклучоци кај мешаните бракови.

Земјите од Заливот го обвинуваат Катар дека поддржува исламистички и терористички групи, но Доха ги оцени обвинувањата како политички мотивирани.

Државниот министер за надворешни работи на ОАЕ, Анвар Гаргаш изјави денеска дека моќните соседи на Катар ќе продолжат да го изолираат и во следните години доколку не ја промени својата политика на екстремизам и џихадизам.

Гаргаш истакна дека во следните денови ќе биде завршен списокот со барања, упатени кон Катар, а Доха ќе треба да се откаже од позицијата на „демантирање“.

Поврзани вести

По инцидентите во Шарлотсвил, Фејсбук ги исклучи п... Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм ги исклучија профилите на екстремните десничари кои учествуваа во инцидентите во Шарлотсвил, во кои загина една ...
Тилерсон: Во американскиот јавен живот нема место ... Во американското општество нема место за омраза и насилство, какви што беа демонстрирани во Шарлотсвил, во државата Вирџинија, изјави американскиот др...
Двајца загинати при самоубиствен напад крај контро... Две лица загинаа, вклучувајќи го бомбашот-самоубиец, и петмина се повредени рано изутринава во напад во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинс...
Анкета: Граѓаните на многу американски сојузници и... Владимир Путин е поприфатлив светски лидер од Доналд Трамп, сметаат граѓаните на повеќе сојузници на САД, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја и седу...
Мун Џе-ин ја разгледува можноста да испрати специј... Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин изјави дека ја разгледува можноста да испрати специјален пратеник за преговори во Северна Кореја, доколку Пјонгј...
Од почетокот на годинава шумските пожари во Потруг... Шумските пожари во Португалија, од почетокот на годинава досега, опустошиле 141.000 хектари вегетација, што е за три пати повеќе од просекот во послед...