Треневски: Тре Пене е од Сан Марино, но не значи дека ќе биде лесно

Треневски: Тре Пене е од Сан Марино, но не значи дека ќе биде лесно

Работнички го доби Тре Пене, претставникот од Сан Марино, за прв противник во квалификациите за Лигата на Европа. Во првиот меч составот на Виктор Треневски ќе биде домаќин, а потоа ќе игра и на гости во Сан Марино.

Шефот на стручниот штаб е задоволен од ждребот, но нагласува дека нема никакво опуштање, туку напротив, тимот треба максимално да се подготви за првото европско искушение.

– Тре Пене беше еден од посакуваните противници. Можеби сакавме да ја избегнеме единствено Зета. Го добивме Тре Пене за ривал, претставник од Сан Марино, но тоа не значи и дека не очекуваат супер-лесни натпревари. Ќе се подготвиме сериозно и секако дека сме фаворити, како што впрочем Работнички беше и носител според рејтингот пред денешниот ждреб во Нион. Но, ќе им напоменам добро и на фудбалерите. Ние најмногу се мачевме во првенството на тие, условно, полесни натпревари за играње, вели тренерот Виктор Треневски.

Работнички вчера го одигра првиот пријателски натпревар на летните подготовки во Словенија против албанскиот тим Скендербег, а за два дена го очекува и „генералката“ против хрватскиот првак Риека.

Поврзани вести

Милевски: Должност ми е како човек да ги испочитув... Селекторот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година Благоја Милевски рече дека ќе се обиде на вечерашниот дуел против Португали...
Челзи и Арсенал ќе играат за жртвите од пожарот во... Приходот од претстојниот натпревар од Комјунити шилд, во кој ќе играат фудбалерите на Арсенал и Челзи, ќе им биде даден на жртвите од пожарот во зград...
Андонова нов играч на Барселона... Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова која досега настапуваше за ПСЖ, е нов играч на Барселона. Андонова не ја доби очекуваната минутажа...
EП фудбал У-21: Македонија против Португалија во т... Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Гдиња против Португалија ќе го одигра последниот натпревар од Б-групата на Европското првенство за иг...
ЕП фудбал У-21: Убедливи победи за Словачка и за А... Идентични победи со по 3:0 забележаа репрезентациите на Англија над домаќинот Полска и на Словачка против Шведска синоќа во 3.коло од Европското фудба...
Германија и Чиле ремизираа на Купот на Конфедераци... Репрезентациите на Германија и на Чиле одиграа нерешено 1:1 синоќа во Казан во 2. коло Б-група на Купот на Конфедерациите. Овој резултат и двете се...