ВМРО-ДПМНЕ: Со укинувањето на дисперзираните студии се предизвикува огромна штета врз образовниот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Со укинувањето на дисперзираните студии се предизвикува огромна штета врз образовниот процес

„Владата на СДС, не е реформска, туку антиреформска. Владата на СДС почна на дело да ја спроведува деструктивната политика што ја промовираа нивните идеолози како Фрчкоски кој срамно и навредливо најави, дека секое село не заслужува факултет и дека треба да се укинат 35 факултети.

Со укинувањето на дисперзираните студии се предизвикува огромна штета врз образовниот процес и се ускратуваат бенифициите кои им биле достапни на студентите во изминатите 10 година.

Отворањето на дисперзираните студии кои минативе години кои се покажаа како извонредна можност која секоја година ја искористуваа околу 15% од вкупниот број на студенти што го продолжуваа образованието на високо образовна установа, односно тоа се некаде околу 2.000 до 2.500 студенти кои наместо да патуваат секој ден или да се преселат во друг град поради уписот на факултет, одлучуваа да студираат во своето место на живеење или во неговата непосредна околина. Ваквата мерка во изминативе 9 години беше искористена од над 20.000 граѓани, бројка што сама по себе говори за успехот на овој проект.

Оваа мерка им овозможуваше на студентите да заштедат средства по основ на патување, сместување и исхрана, но и да заштедат средства по однос на уписнина. Студирањето на дисперзираните студии каде предаваат истите професори и се учи по истите наставни програми, материјали и учебници од кои се учи и на матичните високо образовни установи од каде се изведени, чини само 100 евра годишно.

СДС со оваа антиреформа им ја ускратува можноста на тетовчани и младите од поширокиот регион да студираат на ФИНКИ во нивното населено место. СДС ги оневозможува кавадарчани и младите од југот на државата да студираат на машинскиот факултет во градот, а истото се случува и со укинувањето на машинскиот факултет во Струга.

Антиреформаторите од СДС ги укинаа дисперзираните студии на техолошко-металуршкиот факултет во Кавадарци и Крива Паланка и им ја одзедоа можноста на младите од овие градови и поширокиот регион да студираат блиску до своето место на живеење.

Антиреформаторите од СДС им ја одземаа можноста и на младите од Тетово и Велес да студираат на економски факултет без притоа да треба да треба да доаѓаат во Скопје.

Антиреформаторите на СДС ги укинаа дисперзираните студии и им ја одземаа можноста на младите од Гевгелија и Прилеп да студираат на факултетот за земјоделски науки и храна.

Единствената причина поради која е укината ваквата мерка е тоа што дисперзираните студии се идеја, односно мерка воведена од страна на Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ со цел обезбедување што поголема достапност на високото образование за сите граѓани.

Граѓаните од СДС очекуваат реални мерки и проекти кои ќе им го подобрат животот, а не укинување и уривање. Граѓаните од СДС ги очекуваат 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата, исто како што лекарите ги очекуваат 100.000 денари плата која СДС им ја вети. Граѓаните ги очекуваат и новите 500 километри автопат, како и 30.000 денари на крајот на годината од поврат на 15% на потрошеното ДДВ“, изјави Лука Кржалоски.

Поврзани вести

Тешко повредена кавадарчанка откако автомобил удри... Со тешки телесни повреди се здобила вечерва кавадарчанка, родена 1959 година, откако автомобил удрил во неа во новиот центар на Кавадарци, во близина ...
Во Гевгелија и во Демир Капија измерени 38 степени... Највисока температура денеска е измерена во Гевгелија и Демир Капија 38 степени, во Струмица 36, во Скопје на Зајчев Рид и во Штип 35, во Скопје Петро...
Средба Џафери-Бренде: Поддршка за реформските проц... Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борг...
Утре ќе биде сончево и топло, УВ-индексот ќе има в... Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со поро...
Османи-Пломп: Холандија отсекогаш била еден од нај... Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Валтер Пломп...
Средба Заев-Бренде: Владата на Македонија отвора н... Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со Борг...