Равиоли со лимон и нане

Равиоли со лимон и нане

Домашно подготвена вкусна паста …

Потребно е:
за тестото:
300 гр брашно
3 јајца
прстофат сол
1 лажиче маслиново масло
1 лажица ситно сецкано свежо нане
1 лажица ситно сецкан свеж магдонос
изрендана кора од 1 лимон
1 лажица сок од лимон
1 лажица изрендан пармезан

за филот:
500 гр рикота сирење
1 лажица ситно сецкано свежо нане
1 лажица ситно сецкан свеж магдонос
изрендана кора од 1 лимон
1 лажица сок од лимон
1 лажица изрендан пармезан

за сосот (по порција):
25 гр путер
5-6 листови нане
1/2 лажиче сок од лимон
1 лажица рендан пармезан

за сервирање:
рендан пармезан
листови свежо нане

Подготовка:
– Прво направете го филот. Во еден сад измешајте ги сите состојки за филот, додадете сол и бибер по вкус и оставете го на ладно.

– За тестото сипете го брашното на работна површина, со рака направете дупка во средината, искршете ги јајцата во дупката, додадете сол, маслиново масло и со прсти измешајте. По потреба додадете малку ладна вода или брашно.

– Со раце месете го тестото. Тестото треба да биде тврдо. Замотајте го во пластична фолија и оставете го да стои на собна температура околу 1 час.

– Тестото поделете го на 6 еднакви делови. Истенчете ги сите делови со сукало или на машина за паста со дебелина од околу 5 мм. Потоа ставте ги на калап за равиоли кој претходно убаво сте го набрашниле. Во секоја вдлабнатина ставете по 1 лажиче од филот, одозгора ставете втор лист тесто и поминете го со сукало.

– Внимателно превртете го калапот со равиолите на кујнска крпа посипана со брашно. Истата постапка повторете ја со останатото тесто.

– Ако равиолите ги правите рачно, тогаш на еден лист тесто ставете по 1 лажиче од филот на растојание од околу 2 см. Премачкајте ги краевите на тестото и тестото помеѓу купчињата фил со малку вода и одозгора ставете го вториот лист тесто. Внимателно залепете ги двете теста со притискање и внимателно истиснете го воздухот меѓу двете теста. Исечете ги равиолите. Постапката повторете ја со преостанатото тесто и фил. Треба да добиете 36-40 равиоли.

– Подлабок сад со вода ставете го на рингла да проврие водата. Водата убаво посолете ја. Кога ќе почне да врие ставете 9-10 равиоли да се варат 3 минути.

– Во исто време подгответе го и сосот. Во тава на рнгла ставете го путерот и листовите нане и кратко пропржете ги. Додадете го сокот од лимон. Со решеткаста лажица внимателно префрлете ги равиолите од садот на рингла во тавата, додадете околу 1 лажица вода од варењето на равиолите и пармезан и оставете кратко да прокрчкаат, околу 30 секунди.

– Префрлете ги на чинија за сервирање и држете ги на топло. Истата постапка повторете ја и со останатите равиоли.

– Послужете ги веднаш и по желба посипете ги со уште малку рендан пармезан и исецани листови нане.

Поврзани вести

Интернационален кулинарски натпревар „ГастроМак 20... Преку 200 учесници, готвачи, судии и почесни гости ќе присуствуваат на претстојниот Интернационален кулинарски натпревар „ГастроМак 2017“ што ќе се од...
Пиперки полнети со омлет Интересен начин на подготовка на полнети пиперки ... Потребно е: 8 пиперки 1/2 чаша изрендано моцарела сирење 3 парчиња шунка исецкана на коц...
Слатка пита со кисело млеко Вкусен старински колач ... Потребно е: за тестото: 200 гр маргарин 4 жолчки 100 гр шеќер 400 гр брашно 1 прашок за пециво 1 ванилин шеќер ...
Печени ќофтиња од лосос со сос од авокадо... Потребно е: за ќофтињата: 360 гр лосос без кожа 1/2 главица кромид, изрендан на ситно ренде 1 лажица ситно сецкан свеж магдонос 1 чешне лук, исти...
Компир салата со туна Здрава и вкусна салата ... Потребно е: 500 гр компири 2 големи конзерви туна 2 главици црвен кромид 100 гр пченка од конзерва 100 гр чери дома...
Густа чорба од печурки и блитва... Богатство на бои и вкусови ... Потребно е: 350 гр шампињони 2 страка праз (само белиот дел) 1/2 лажиче коријандер во прав 1/2 лажиче кумин во п...