Грнчаров: Можеме да се надигруваме со Малме

Грнчаров: Можеме да се надигруваме со Малме

Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров смета дека во квалификациите за Лигата на шампионите добиен е противник со кој „црвено-црните“ имаат големи шанси да се надигруваат и да дојде до посакуваната цел, односно да минат едно коло во европското елитно натпреварување.

Вардар на денешната ждрепка во Нион за противник во 2.коло од квалификациите за Лигата на шампионите го доби шведскиот тим Малме.

– Во Малме добивме противник со кого можеме да се носиме и да бидеме во најмала рака рамноправни. Ова ни е трета година по ред да играме квалификации во Лигата на шампионите, и мислам дека сега е шансата да поминеме понатаму. Добро е што првиот натпревар го играме на гостински терен кај нив, и сметам дека имаме големи шанси. Со нетрпение го очекувавме противникот, и сега откако знаеме кој ни е противник се подготвуваме во Австрија за него. Од денеска па натаму ќе го следиме, ќе го анализираме и ќе знаеме повеќе за нашиот ривал во Лигата на шампионите, изјави Грнчаров за клупскиот сајт на Вардар.

Првиот натпревар ќе се игра на 11 или 12 јули во Шведска, а реваншот е седум дена подоцна во Македонија.

Поврзани вести

За тренерот на Фенербахче главна цел е да се елими... Во Скопје пристигна турскиот фудбалски гигант Фенребахче, екипа која во четврток во рамките од баражот ќе го игра првиот натпревар од Лига Европа со ...
Бака како позајмен играч во Виљареал... Колумбискиот интернационалец Карлос Бака кариерата ќе ја продолжи во Виљареал како позајмен играч од Милан, објави денеска шпанскиот фудбалски клуб. ...
Јаневски ќе го предводи Вардар против Фенербахче?... Поранешниот селектор на Македонија, Чедомир Јаневски, ќе биде нов тренер на Вардар и најверојатно ќе ги предводи „црвено-црните“ на натпреварот од пле...
Сигурдсон најскап фудбалер во историјата на Еверто... Англискиот фудбалски клуб Евертон успешно ги заврши преговорите со Свонси за трансферот на исландскиот играч Гилфи Сигурдсон кој за сума од 50 милиони...
Прва рунда во фудбалскиот Куп на Македонија... Во фудбалскиот Куп на Македонија, денеска ќе се одиграат натпреварите од првата рунда. Прволигашите и најдобрите екипи од претходната сезона во ВМФЛ с...
УЕФА номинираше по три претенденти во двете конкур... Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави имињата на тројцата номинирани за најдобар играч во машка и женска конкуренција за сезоната 2016/17. ...