Заев – Ханеда: Владата определена кон демократските реформи, отвора големи перспективи

Заев – Ханеда: Владата определена кон демократските реформи, отвора големи перспективи

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со новата резидентна амбасадорка на Јапонија, Кеико Ханеда.

Амбасадорката Ханеда пренесе лични честитики од премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, до премиерот Заев, за стапувањето на должност претседател на Владата на Република Македонија. Исто така, изразена е силна поддршка од Јапонија за определбата на Владата на Македонија кон демократските реформи, како и дека тоа отвора големи перспективи за државата и граѓаните.

„Владата има за цел спроведување силна реформска агенда што ќе ги забрза интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но којашто е пред се, примарен интерес на граѓаните на Македонија, за обезбедување квалитетен живот за сите во државата“, рече премиерот Заев.

Јапонската амбасадорка Ханеда соопшти дека Јапонија ја поддржува Македонија во евро-атлантските аспирации.
Амбасадорката Ханеда додаде дека Јапонија, како пријател на Македонија и донатор, ќе продолжи да го помага развојот на Македонија во разни области, посебно во локалните средини.

На средбата е заклучено дека одлуката на Јапонија да отвори резидентна амбасада во Република Македонија е силен знак за позитивните односи меѓу двете земји. Изразена е согласност од двете страни, дека се создадени можности, соработката меѓу двете држави да се продлабочи, како во областите на економијата и трговијата, така и во образованието, туризмот и културата.

Постојат блиски врски меѓу Македонија и Јапонија и отворени можности тие да се развиваат во интерес за државите и на граѓаните на двете земји, констатирано е на денешната средба на премиерот Заев, со јапонската амбасадорка Ханеда.

Поврзани вести

Утре Собранието ќе гласа за разрешување на Марко З... За утре во 11 часот, претседателот на Собранието Талат Џафери го закажа продолжението на 6-та седница. По тринаесет дена маратонски дискусии  реплики ...
Љупчо Палевски четири часа беше на распит во СЈО... По четири часа распит, бизнисменот Љупчо Палевски заедно со неговиот адвокат излегоа од специјалното јавно обвинителство, но не сакаа да коментираат з...
Заврши  расправата за разрешување на Марко Зврлевс... Заврши дебатата за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Продолжението ќе биде дополнително закажано. Координаторот на една од пратенич...
Мицкоски: Извршниот комитет предложи пет кандидати... Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ била во полна кондиција пред локалните избори, заокрожувајќи ги с...
Богоевски: Реформите во МВР и во државните институ... Павле Богоевски денеска во изјава за медиумите рече дека за разлика од претходната практика на раководството на прикривање и заташкување на прекумерна...
Потврдено постоење на пет неолитски градби на лока... Истражувањата на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука се завршени и во рамки на ископувањата е потврдено постоење на пет неолитски градби во простор ...