Во ХНК Загреб овации за „Животот е прекрасен“ на МНТ

Во ХНК Загреб овации за „Животот е прекрасен“ на МНТ

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, а во рамките на 41-то издание „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“, синоќа настапи на големата сцена во Хрватско народно казалиште во Загреб.

– Преполната сала со овации ја награди актерска екипа од „Животот е прекрасен“. За гостувањето на МНТ во Загреб имаше голем интерес така што билетите беа распродадени неколку дена пред изведбата. Организаторите на овој престижен фестивал и театарската критика имаа само пофални зборови за „Животот е прекрасен“.Огромните овации и аплаузи се потврда за тоа како беше прифатена претставата од хрватската публика и јавност, соопшти прес-службата на МНТ.

Фестивалот „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“ и оваа година ги собра најдобрите 15 комедиографски и сатирични дела од хрватската театарска продукција, како и истакнати продукции од Словенија, Германија, Македонија, Србија и Црна Гора.

Фестивалот е во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух од Загреб.

Годинашното 41. фестивалско издание почна на 2 јуни, а организаторите очекуваат повеќе од 300 изведувачи и учесници. Затворањето е во недела на 21 јуни со доделувањето на наградата 41. „Денови на сатира Фадил Хаџиќ“. Оценката за нјадобра претстава ќе ја даде комисијата во состав: Бојана Радовиќ, театарска критичарка во Вечерњи лист, драмскиот уметник Ливо Бадурина и драмскиот писател Томислав Зајец.

Претставата „Животот е прекрасен” во мај годинава гостуваше и во Будимпешта на престижниот фестивал МИТЕМ на сцената на Националниот театар на Унгарија.

Поврзани вести

Повик за учество на ликовни уметници на групна изл... До први септември е отворен повикот на Здружението за култура „Транзен“ за учество на ликовни уметници на групната изложба „Несовршен простор“ на која...
Од 19 до 25 август осмиот „МакеДокс“... Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 19 до 25 август 2017 година во, и на платото пред, Куршумли-ан в...
Кумановската библиотека го збогати книжниот фонд с... Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ набави нови лектири за потребите на основците и средношколците во Куманово, информираше денеска директорот ...
Дарко Лешоски се повлече од Струшките вечери на по... Дарко Лешоски се откажа од позицијата претседател на УО на Струшките вечери на поезијата, откако неговото назначување на таа позиција предизвика лавин...
Атанасов: СДСМ го партизира и депрофесионализира „... Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите запраша кој е квалитетот на Стојанче Павловски за да биде поставен за прв човек на „Тан...
Влатко Стефановски и Камерниот оркестар на Битола ... На фестивалот „Охридско лето“, на големата сцена „Долни Сарај“ вечер концерт ќе имаат Камерниот оркестар на Битола и нашиот најпознат гитарист Влатко ...