Во Кавадарци одбележани 104 години од Тиквешкото востание

Во Кавадарци одбележани 104 години од Тиквешкото востание

Во Кавадарци денеска беа одбележани 104 години од Тиквешкото востание. Цвеќе беше положено на споменикот подигнат во чест на загинатите за време на востанието.

Историчарот Марија Михова потсети дека по завршувањето на Првата балканска војна и протерувањето на Турците од Балканскиот Полуостров, територијата на Македонија била поделена на интересни сфери на влијание. На десната страна на реката Вардар биле концентрирани српските воено административни сили, а на левата бугарските.

– Револтот на населението во овој крај од ден во ден бил се поголем. Затоа поранешните војводи и револуционери се договориле да го подготват револтираниот народ за вооружено востание. Биле ослободени градовите Кавадарци и Неготино и педесетина тиквешки села, меѓу кои и некои од прилепската општина. Кавадарци бил слободен цели седум дена, по што востанието било задушено. По задушувањето на востанието биле убиени 545 луѓе, запалени повеќе од илјада куќи, а 2.700 луѓе биле затворени. Исплашени, за кратко време од Тиквешијата се иселиле повеќе од три илјади семејства, рече меѓу другото Михова.

Пред присутните се обрати и кавадаречкиот градоначалник Александар Панов. Тој потсети и за другите значајни настани од историјата кои се имаат случено токму во јуни.

– Сите оние кои во минатото го дадоа својот живот за ова што денес ние го уживаме треба трајно да останат во наше сеќавање, во сеќавањето на нашите поколенија, бидејќи без нивната жртва ние немаше да бидеме тоа што сме денес и нема да бидеме тоа што очекуваме да бидеме утре. Затоа на сите нив нека им е вечна славата и никогаш споменот за нив да не се заборави, нагласи меѓу другото Панов.

Поврзани вести

Утре Собранието ќе гласа за разрешување на Марко З... За утре во 11 часот, претседателот на Собранието Талат Џафери го закажа продолжението на 6-та седница. По тринаесет дена маратонски дискусии  реплики ...
Љупчо Палевски четири часа беше на распит во СЈО... По четири часа распит, бизнисменот Љупчо Палевски заедно со неговиот адвокат излегоа од специјалното јавно обвинителство, но не сакаа да коментираат з...
Заврши  расправата за разрешување на Марко Зврлевс... Заврши дебатата за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Продолжението ќе биде дополнително закажано. Координаторот на една од пратенич...
Мицкоски: Извршниот комитет предложи пет кандидати... Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ била во полна кондиција пред локалните избори, заокрожувајќи ги с...
Богоевски: Реформите во МВР и во државните институ... Павле Богоевски денеска во изјава за медиумите рече дека за разлика од претходната практика на раководството на прикривање и заташкување на прекумерна...
Потврдено постоење на пет неолитски градби на лока... Истражувањата на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука се завршени и во рамки на ископувањата е потврдено постоење на пет неолитски градби во простор ...