Во Брисел почнаа преговорите за Брегзит меѓу ЕУ и Велика Британија

Во Брисел почнаа преговорите за Брегзит меѓу ЕУ и Велика Британија

Шефот на преговарачкиот тим на Европската комисија за Брегзит, Мишел Барние го означи почетокот на преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија, во присуство на британскиот државен серетар за Брегзит Дејвид Дејвис, кој пристигна во Брисел.

– Денеска ги почнуваме преговорите за излегување на Обединетото кралство од ЕУ, изјави Барние, откако му ја стисна раката на Дејвис.

Тој прецизира дека целта на оваа прва средба ќе биде определување на приоритетите и на програмата на преговорите.

Британскиот државен секретар за Брегзит изјави дека се стреми кон позитивен и конструктивен тон во преговорите.

– Повеќе нешта не поврзуваат, отколку што не разделуваат, додаде тој.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека преговорите за Брегзит, кои почнаа денеска треба да го подготват теренот за „подлабоко и специјално партнерство“, какво што Лондон сака да одржи со ЕУ.

Џонсон пред денешната средба на министрите за надворешни работи од Унијата во Луксембург изрази надеж дека преговорите ќе доведат до „успешна разврска, која ќе биде од корист за двете страни“.

– Најважното сега е да гледаме напред, да мислиме за иднината и за новото партнерство, длабоко и специјално партнерство, кое сакаме да го изградиме со нашите пријатели, нагласи тој.

Поврзани вести

Трамп го пофали Ким Џонг-ун поради „мудрата одлука... Претседателот на САД, Доналд Трамп го пофали денеска севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун поради одложувањето на одлуката за истрелување ракети кон аме...
Лавров: Москва е против економското задушување на ... Официјална Москва не ги поддржува повиците за задушување на севернокорејската економија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј ...
Британски институт: Нова корејска војна е реална м... Британскиот Институт за студии за безбедност и одбрана (РУСИ) ја предупреди Владата во Лондон дека „нова корејска војна сега е реална можност“ и апели...
Активисти за Брегзит бараат „отповикување“ од Парл... Активисти во кампањата за Брегзит, покренале иницијати за „отповикување“ на британскиот министер за финансии Филип Хамонд од функцијата пратеник во Па...
Ги Верхофштад: Идејата за невидлива граница меѓу Е... Поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад, кој сега е лидер на блокот либерали во Европскиот Парламент и дел од преговарачкиот тим на ЕУ за Брегзит, ...
Шведска ги зголемува расходите за одбрана... Шведската левоцентристичка малцинска Влада денеска соопшти дека постигнала договор со две опозициски партии за зголемување на расходите на одбраната з...