Османи-Безак: Нема друга алтернатива освен евроатлантска интеграција

Османи-Безак: Нема друга алтернатива освен евроатлантска интеграција

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска имаше средба со словачкиот амбасадор во Македонија Мартин Безак, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Вицепремиерот Османи ја истакна важноста на билатералната поддршка, како и поддршката на Република Словачка во рамките на Вишеградската група за евроатлантската интеграција на Македонија

– Очекувам во претстојниот период да имаме блиска соработка и да работиме заедно на имплементирањето на сите неопходни реформи поврзани со евроинтегративниот процес, бидејќи Македонија нема друга алтернатива освен членството во евроатлантските структури, рече Османи.

Османи нагласи дека долгата политичка криза во земјата влијаеше на сите сегменти од општеството вклучувајќи го и темпото на реформите за ЕУ. Тој посочи дека должност на Владата е да се фокусира на повторно градење на позитивниот имиџ на државата, како и враќање на демократијата и владеењето на правото.

Двајцата соговорници се согласија дека треба да се искористи новиот моментум и Владата да се фокусира на реално остварливи цели кои ќе дадат конкретни резултати во процесот на европска интеграција, соопшти СЕП.

Поврзани вести

Тешко повредена кавадарчанка откако автомобил удри... Со тешки телесни повреди се здобила вечерва кавадарчанка, родена 1959 година, откако автомобил удрил во неа во новиот центар на Кавадарци, во близина ...
Во Гевгелија и во Демир Капија измерени 38 степени... Највисока температура денеска е измерена во Гевгелија и Демир Капија 38 степени, во Струмица 36, во Скопје на Зајчев Рид и во Штип 35, во Скопје Петро...
Средба Џафери-Бренде: Поддршка за реформските проц... Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борг...
Утре ќе биде сончево и топло, УВ-индексот ќе има в... Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со поро...
Османи-Пломп: Холандија отсекогаш била еден од нај... Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Валтер Пломп...
Средба Заев-Бренде: Владата на Македонија отвора н... Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со Борг...