Повик за продукција на музички спотови во рамки на „Дотерај го Скопје“

Повик за продукција на музички спотови во рамки на „Дотерај го Скопје“

Јавна соба објави повик за продукција на музички спотови за поединци и музички групи кои досега немаат снимено спот за своите песни.

Повикот предвидува до пет авторски бендови или индивидуални автори на музика од Македонија да снимат спотови, како и нивна промоција онлајн, на социјалните мрежи и во живо. Краен рок за пријавување на повикот е 30 јуни 2017.

Музички бендови и поединци кои се автори на музика можат да се приклучат кон проектот „Дотерај го Скопје“ и да снимат музички спотови. Повикот е достапен на error501.mk/music.

Продукцијата и промоцијата на авторска музика е дел од проектот „Дотерај го Скопје“, кој ќе кулминира во период 1 – 3 септември со фотографска изложба од сите урбани интервенции низ Скопје, презентации од страна на урбаните херои кои имаат засадено бршлени низ градот, видео инсталации, гастро перформанси и богата музичка програма и дружење. Проектот „Дотерај го Скопје“ се реализира во рамки на кампањата „Мрдни со Прст” и има за цел да влијае на подигнување на граѓанската свест за урбани прашања и поттикнување на граѓански активизам.

Поврзани вести

Индиско село се прекрсти во – Трамп... Индиско село се преименува од Марора во – Трамп, на само неколку денови пред посетата на индискиот премиер Наренда Моди на САД. Селото во кое живеа...
Шерон Озборн ја шокирала внуката порачувајќи и стр... Сопругата на Ози Озборн, Шерон Озборн (64) и најмила стриптизер на внуката за моминската вечер, но тоа на девојката не и се допаднало. - Таа плаче...
Британската кралица пријавена во полиција затоа шт... Британската кралица Елизабета Втора е пријавена во полиција во Западен Јоркшир, затоа што, како што се тврди, немала врзан појас кога со своето официј...
ВИДЕО: Животинско царство на фудбалски терен во Бу... Пријателски подготвителен меч меѓу екипата Ботев и АЕЛ од Лимасол во близина на Софија беше прекинат од многу необични причини - бик влезе во теренот ...
Како човекот станал најголем грабливец?... Луѓето се единствени „ултра-друштвени“ суштества на планетава. Ние сме успеале да ја победиме „конкуренцијата“, и да ги убиеме или асимилираме сите др...
Ема Вотсон сокри неколку книги во Париз и започна ... Американската глумица Eма Вотсон на Твитер објави дека сокрила примероци од романот „Приказната на слугинката” (The Handmaid’s Tale) од Маргарет Атвуд...