„Шкода“ го прослави производството на четири милиони „Фабии“

„Шкода“ го прослави производството на четири милиони „Фабии“

Моделот на „Шкода“ од Б сегментот „Фабија“ е во производство од 1999 година, а честа да биде четиримилионити произведен примерок и припадна на третата генерација на караванската верзија со пакет опрема „Монте Карло“.

Вториот најпродаван модел на „Шкода“ премиерно беше претставен во 1999 година, а со помал редизајн првата генерација на „Фабија“ се произведуваше до 2007 година, во кој период од производните ленти се симнаа 1.790.000 примероци.

Втората генерација стигна до 1.710.000 купувачи, а со актуелната трета генерација на „Фабија“, која се произведува од 2014 година, „Шкода“ стигна до четири милиони произведени примероци на автомобили, кои некои елементи ги делат со моделите „Сеат Ибица“ и „Фолксваген Поло“.

Последните промени на актуелната генерација се однесуваат на воведување на нов литарски трицилиндерски турбо бензински мотор од 110 коњски сили, со кој е заменет 1,2-литарскиот ТСИ мотор.

Новиот алуминиумски мотор е за шест отсто поштедлив и за 10 килограми полесен, а истовремено располага со повеќе моќност и поголем вртлив момент во однос на стариот мотор.

Редизајнирото издание од третата генерација се очекува идната година.

Поврзани вести

Објавени првите фотографии на новата „Киа Стоник“... На интернет беа објавени првите фотографии на новиот поткомпактен СИВ модел на корејскиот производител „Киа“, наречен „Стоник“. По „Хјундаи“, кој ...
„Фолксваген Е-Ап“ претставен на Меѓународниот саем... На Меѓународниот саем за енергетика „Енерга” под слоганот „Едноставно електричен”, „Фолксваген“ ја претстави електричната верзија на својот мал градск...
„Фиксер“ се враќа во игра – пристигнува ново... Креаторот на моделот „Карма“, Хенрик Фискер, ја објави првата фотографија на новата луксузна спортска електрична лимузија - моделотр „Eмоушн“ (Emotion...
ВИДЕО: Прикажан првиот „тизер“ од „Фолксваген Поло... Компанијата „Фолксваген“ ја објави „тизер“ фотографијата од која се гледа детал од стоп светлата и страничниот дел на новиот модел на „Поло“ за 2018. ...
„Ауди“ го претстави најбрзиот сериски кабриолет „Р... Една година по лансирањето на регуларниот модел „Ауди Р8 В10 Спајдер“, на пазарот пристигнува и екстремната „Плус“ верзија. Како и купе варијантата...
ФОТО: Наскоро во продажба новата „Хонда Сивик Тајп... Новата „Хонда Сивик Тајп Р“ наскоро ќе излезе од фабриката во Свиндон во Велика Британија, на пат до своите сопственици ширум светот. Автомобилот,...