Србија отвора две нови поглавја од преговорите за членство во ЕУ

Србија отвора две нови поглавја од преговорите за членство во ЕУ

Србија денеска во Брисел ќе ги отвоти поглавјата 7 и 29 од преговорите за членство на земјата во ЕУ, јави Танјуг.

Српската делегација на преговорите ќе ја предводи министерката за евроинтерграции Јадранка Јоксимовиќ, која изјави дека поглавјата за авториските права и интелекталната сопственост и за царините се особено важни теми за Србија.

– Тоа е нашто што ќе придонесе за развој на економијата базирана на знаење, рече Јоксимовиќ во пресрет на денешната шеста по ред преговарачка конференција меѓу Белград и Брисел.

Ова е второ отворање на нови поглавја од преговорите меѓу Србија и ЕУ годинава, откако во февруари исто така беа отворени две поглавја. По денешната конференција, Србија ќе има отворено 10 од вкупно 35-те поглавја од договрот за членство во ЕУ.

– Имиџот е многу важен. Тој лесно се расипува, а тешко се поправа. Мислам дека ние го поправивме, порача Јоксимовиќ во пресрет на денешните преговори.

Поврзани вести

Турските сили за безбедност приведоа петмина борци... Турските сили за безбедност приведоа петмина борци од терористичката групација Исламска држава, кои планирале да извршат напад во Истанбул, соопштија ...
Турската полиција забранува користење жаргонски из... Дирекцијата за безбедност во турскиот главен град Анкара издала наредба со која им се забранува на полицајците да користат „фамилијарни“ зборови, изра...
На Крит уапсени илегални мигранти кои се обиделе д... На двата меѓународи аеродроми на Крит, Ираклион и Чанија, уапсени се 24 странски државјани кои се обиделе да отпатуваат со лажни документи. Странск...
Пожарот во источна Атика делумно под контрола... Состојбата со пожарот во источниот дел на Атика денеска е многу подобра, соопшти локалната противпожарна бригада и додаде дека во областа има само ушт...
Чавушоглу: Нема морска граница меѓу Турција и Грци... Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција нема да прифати „де факто" ситуации во Егејско Море, покренувајќи го повто...
Пожар се приближи до мавзолејот на Његош на Ловќен... Веќе неколку дена на Ловќен беснеат пожари, а утринава ситуацијата стана критична бидејќи огнот се приближи и до мавзолејот на Петар Петровиќ Његош, ј...