Александар Тодоров најави реорганизација во редовите на МЗТ Скопје

Александар Тодоров најави реорганизација во редовите на МЗТ Скопје

Александар Тодоров денеска на средба со медиумите и официјално беше промовиран пред јавноста во нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром.

Тодоров кој се враќа во редовите на „металците“ потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион на Македонија, со кој 43-годишниот тренер работеше во три наврати досега. Дебито на клупата на МЗТ Скопје, тој го имаше во 2000 година, а потоа и 2007-ма, но најзначаен период за аеродромци под водството на Тодоров беше сезоната 2011/2012 кога МЗТ Скопје првпат ја освои шампионската титула.

– Приоритет е да се состави тим претежно од македонски кошаркари, за таа цел ќе се направи реорганизација во младинските школи од каде во иднина ќе се црпат нови членови на сениорскиот тим. Една од задачите ќе биде враќање на публиката, односно навивачката група на МЗТ Скопје – популарната група „Фемили Аеродром”, ги најави Тодоров целите на шампионскиот тим.

Тој не говореше за резултатите, но се подразбира дека основна задача на Тодоров во следната сезона ќе биде враќањето на двојната круна во мак-баскетот, како и позабележителен настап во АБА лигата. Тој засега на располагање ќе има неколкумина млади кошаркари кои ќе им се приклучат на репрезентативците Марко Симоновски, Адем Мекиќ и повратникот во тимот Дамјан Стојановски, како и Американецот Ксавиер Темс кој има договорна обврска клубот на уште една година.

Поврзани вести

Комплетирано 5.коло од кошаркарските претквалифика... По одигрувањето на петте натпревари од 5.коло во претквалификациите познати се уште две репрезентации кои изборија пласман во следната фаза - квалифик...
Пораз на македонските кошаркари во Талин, Естонија... Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во групата Ц во претквалификациите за Светското првенство 2019. Попладнево Македон...
Скопје домаќин на ЕП Дивизија Б за кошаркарки до 1... Македонската кошаркарска федерација од утре (17 август) па во наредните десет дена ќе биде домаќин на Европското првенство - Дивизија Б за кошаркарки ...
Наваро го сруши рекордот на Епифанијо... Хуан Карлос Наваро се запиша во историјата на шпанската кошарка како играч со најголем број настапи во репрезентативниот дрес. Наваро синоќа по 240. п...
Македонските кошаркари гостуваат кај Естонија во м... Во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое ќе се одржи во Кина во 2019 година, денеска ќе се играат средбите од претпоследното 6.кол...
Макаби се засили со НБА играч... Американецот Норис Кол потпиша едногодишен договор со Макаби Тел Авив. Ангажманот на двократниот НБА шампион за најуспешниот израелски кошаркарски клу...